Мистериозен настан за кој зборува целиот интернет

Минувачите кои на 2 март случајно се најдоа пред еден трговски центар во градот Китве во Замбија беа преплашени од глетката која се случуваше на небото над нив. Морничав облак со лик на човек се појави над трговскиот, а многумина коментираа дека изгледа како злогласните Дементри од Хари Потер. Граѓаните почнаа да објавуваат фотографии на Твитер што предизвика поголема паника, но и коментари на сомнеж.

Многумина се прашуваат зошто не постои и видео снимено на лице место, па така некои мислат дека станува збор за фотошопирани фотографии. Но според зборовите на оние кои се наоѓале пред самиот трговски центар, облакот на небото изгледал вистинито, долг стотина метри и потемен од облаците кои во тој момент биле на небото.

„Некои беа изненадени, но многумина се преплашија и избегаа. Беше тоа навистина едно чудно искуство“, изјави еден очевидец.

 

 

 

 

 

barate

loading...

Booking.com