matte

Деновите од Божиќ до Богојавление (Водици) според верувањето на народот се викаат некрстени и со себе носат одредени верувања.

Според народните верувања земјата во овие денови е отворена и мртвите излегуваат од неа, а со нив и различни демони. Затоа порано постојал обичај во овој период да се организираат маскирани поворки како би се истерале демоните кои овие денови шетаат по земјата. Маскирани млади момчиња пред секоја куќа би пееле коледарски песни тропајќи со нозете и удирајќи со стапови, додека домаќините во знак на благодарност би им дале нешто храна и пијалаци кои заедно би ги изеле и испиле.

Ова верување настанало се вели, бидејќи во овој период од годината Исус се уште не би крстен и поради тоа демоните слободно се шетаат низ земјата откако ќе се стемни па се до првите петли. Затоа овие обичаи налагаат овие денови да не се излегува надвор без потреба, а доколку се мора тогаш со себе задолжително да се понесе бел лук, крст или остар метален предмет.

Надвор никако не треба да се остава ништо бело, ниту било каква облека бидејќи ова е идеално време за фрлање на уроци и маѓии. Исто така не треба да се шие и сече бидејќи приплодот од домашните животни ќе биде слеп или оштетен. Исто така не треба да се изнесува ѓубрето од дома, бидејќи на тој начин ќе ја изнесете својата среќа. Преку ноќ треба да оставите нешто храна на масата за духовите кои го штитат вашето огниште.

Инаку, овие денови по правило се мрсни и најдобро е да ги поминете со семејството и пријателите, покрај многу смеа и бука, како би ги истерале мрачните сили.

barate

loading...