FaceBook  Twitter  

Македонија и денес ќе биде зафатена со снег и ниски температури

Како што соопштуваат од АМСМ опасност во возењето претставуваат токму ниските температури и мразот кој се наоѓа под новоформираната снежна покривка кој тешко може да се забележи. Сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег, а поради ниски температури особено треба да се внимава на можна појава на голомразица на патиштата. Токму и затоа се препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста  појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Воведена е и забранa за движење на тешки товарни возила и тоа на планинските премини Стража, Плетвар, Ѓавато и Пресека, како и на патниот правец Маврово – Дебар каде утрово беа забележани најинтензивни врнежи со снег и најниски температури. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...
Loading...

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

WHERE CITY GUIDE

Националниот ресторан "МАКЕДОНСКА КУЌА" е најафтентичното обележје на македонскиот дух во угостителството. ...
Супер модерен ресторан за прослави направен за Ваше задоволство.
Барем за еден миг ќе можете да се вратите во нашето Македонско минато ...
Во атарот на село Нежилово на реката Бабуна се наоѓа рибникот на пастрмка Нежилово ...
Хотел прекрасно поставен на брегот на Охридското Езеро и неговиот истек во реката Црни Дрим. ...