FaceBook  Twitter  

Боки 13 во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи објави дека бил физички и вербално нападнат од страна на свештено лице во мантија.

По оваа објава, на профилот на Јанко јади бурек се појави објаснување во кое се вели дека свештеното лице е нападнато од страна на татко му на Боки 13 и дека истиот се здобил со скршена нога. Бидејќи не сакаме никого да осудуваме, ниту да браниме, во целост ви ги премесуваме двата коментари кои беа мошне актуелни на социјалните мрежи, но и видеото кое го објави Боки 13 и во кое го опишува настанот (гледано од негова страна).

А сега следува и и статусот објавен на фан страната на македонската црква во Лондон :

Соопштение за верниците на МПЦО Св.Архангел Михаил – Лондон и Св Ѓорѓи Победоносец – Литлхамптон.

Почитувани

На празникот Рождество Христово – Божиќ, кога од оправдани причини нашиот свештеник беше оневозможен да биде со сите нас, се случи брутален физички напад врз семејството на нашиот почитуван свештеник. Заштитувајќи ги сопствените деца и сопруга беше нападнат од разбеснета група и притоа му се нанесени тешки телесни повреди и скршеници. Од проследените докази и изјавите на очевидците како и на надлежните полициски и медицински лица ние црковниот одбор од на МПЦО Св Архангел Михаил го осудуваме овој нецивилизирани и вандалски напад на нашиот свештеник и ја даваме нашата целосна поддршка нему и неговото прекрасно семејство.

Ногата на попот

Апелираме до надлежните органи во Р.Македонија во најкраток можен рок да ги превземат сите мерки за да се казнат сторителите на овој гнасен чин. Повикуваме на смирение и воздржаност од секакви конфронтации со поддржувачите на силеџиите како и на целосна лојалност кон нашиот свештеник и мајката Македонска православна Црква. Црковниот одбор и другите здруженија на македонците во Обединетото Кралство ќе ги известат надлежните во Foreign Office и полицијата во Лондон за нападот врз отец Виктор кој е Британски граѓанин со што ќе бараме да влијаат на целосно расветлување на случајот и заштита на неговите човекови права. Го повикуваме синодот на МПЦ да се огласи со соопштение и да го заштити својот клирик од грозоморните и тенденциозни изјави по социјалните мрежи и медиумите со кои се оправдуваат нападите на свештенството. Конечно веруваме дека и надлежниот митрополит на Европска Епархија ќе даде соопштение и духовно го поддржи своето духовно чедо.

Попот со неговите дечиња

Отец Виктор, нека Бог биде со вас и вашето семејство и со сите нас во овие тешки моменти и нека ни даде сила и истрајност. Вие сте голем човек и сите членови од црковната општина ви посакуваат што поскоро опоравување.

Црковните одбори:
Св. Архангел Михаил и сите Свети Ангели- Лондон  и  Св. Ѓоргија Победоносец – Литлхамптон

Е сега, имаме само едно прашање до Боки – зошто во првиот коментар не спомна ништо дека попот завршил со скршена нога?

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...
Loading...

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

WHERE CITY GUIDE

Хотелот "Гранит" е лоциран на брегот на Охридското Езеро, во месноста Св. Стефан на 5 км од центарот на Охрид. ...
Хотел, спа центар и аква паркот Изгрев е сместен на самото крајбрежје на Охридското езеро во Струга. ...
Ова е модерен, луксузен и удобен хотел, на само пет минути одење од центарот на Скопје. ...
Александар Палас, водечки хотел во Македонија, се наоѓа на десниот брег на реката Вардар во близина на градскиот парк. ...
Во атарот на село Нежилово на реката Бабуна се наоѓа рибникот на пастрмка Нежилово ...