Во Македонија денес ќе биде променливо облачно и студено, а само во југозападниот дел - претежно ведро.

Во текот на денот времето ќе биде променливо, облачно и многу студено со сончеви периоди на одредени места, и со услови за провејување на снег. Ќе дува умерен северен ветер поинтензивен во Повардарието. Преку ноќта кон вторник ќе има повремен снег претежно на југот од земјата. Температурата денеска ќе се движи во интервал од -10 до -2 степени.

Во Скопје променливо облачно со температури до -6 степени, со услови за провејување на снег и слаб до умерен северен ветер.

Според најавата на УХМР и во текот на утрешниот ден ќе биде претежно променливо облачно и многу студено време со услови за повремено провејување на слаб снег почест од вечерните часови. Утре врнежите од снег ќе завршуваат, а ќе се почести во јужните делови од земјата. Се уште ќе дува северниот ветер, но со малку послаб интензитет, додека веќе во среда и четврток се очекува да почне да преовладува променливо облачно време и температурите постепено да почнат да растат. Тогаш, според најавите, треба да очекуваме краткотрајно и не многу брзо топење на снегот. На крајот на работната недела се очекува краткотрајно да дува јужен ветер и со позначителен пораст на температурата на воздухот од запад ќе започнат нови преодни врнежи кои на јужниот дел од земјата ќе бидат од дожд.

barate

loading...

Booking.com