FaceBook  Twitter  

Македонската Православна црква и нејзините верници денес го одбележуваат празникот посветен на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан.

Свети Стефан беше Евреин и роднина на апостол Павле. Тој е првиот од седумте ѓакони кои светите апостоли го ракоположија и поставија на служба за да им помага околу сиромашните во Ерусалим. Токму затоа е и архиѓакон.

Со својата вера направи големи чудеса меѓу луѓето, а на своите противници Евреи им се спротивставуваше со мудроста и силата на Светиот дух. Обвинет е дека го хулел Бога и Мојсие, па со помош на лажни сведоци и осуден. Светителот, уверен во својата вера, му се обратил на народот и зборувал за многу добри дела кои ги има направено Бог на народот на Израел и ги нарече издајници и крвници на Христос.

Набргу потоа тој е изведен од градот и каменуван. Меѓу мачителите се наоѓал и неговиот роднина Савле, подоцна апостол Павле. Неговата маченичка смрт ја гледала од оддалечено место и Пресветата Богородица со Свети Јован Богослов и се молела на Бога за овој страдалец. Неговите последни зборови биле: „Господе, не им го земај ова за грев!“

Свети Стефан е првиот христијанин кој страдаше заради Господ и затоа се вика Првомаченик. Телото на свети Стефан кришум го земал и го погребал на своето имот тајниот христијанин и еврејски кнез Гамалил.

Еве што треба да изговорат верниците на утрешниот ден:

„Првомачениче Христов и апостоле, со добар подвиг си се подвизувал, и си го изобличил безбоштвото на мачителите. Бидејќи со камења беше убиен од рацете на беззакониците, прими венец од Десницата што е во височините, а на Бога Му се молеше, извикувајќи:“

„Господе, не им го земај ова за грев!“

Народни верувања и обичаи:

Според народните верувања денеска од дома се изнесува божиќна слама. Некаде е традиција да ја изнесуваат жените. Во некои краишта овој светител го нарекуваат и Стефан Ветровитиот, му се плашат и го почитуваат за ветерот да не им го однесе сеното и сламата.

Од тука и верувањата во народот дека на денешен ден треба да се чуваме од ветер. Оние кои живеат покрај мориња, го сметаат денешниот празник за морнарска слава, бидејќи Стефан Ветровитиот им дава ветер во нивните едра.

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

WHERE CITY GUIDE

Ве очекуваме, заедно да поминеме незаборавни денови во „градот на конзулите“. ...
Ресторан „БИСЕРА" е лоциран во населба Аеродром и успешно работи од 2000-та година. ...
Фрути ди Маре, не ви нуди само храна, туку и начин на живеење…
Хотелот “Континентал” е најголемиот хотел во Скопје, познат по своето долгогодишно искуство и традиција . ...
Во центарот на најпознатата улица во Битола „Широк Сокак" - ве покануваме да го посетите хотелот Милениум Палас. ...