FaceBook  Twitter  

Православните верници денес го слават вториот ден од Божиќ посветен на Собор на Пресвета Богородица

Ден по раѓањето на Исус Христос верниците треба да и оддадат почит на Богородицата што го роди Месија – спасителот на човечкиот род. Овој празник се нарекува Собор на Пресвета Богородица затоа што на овој ден се собираат верниците да ја прослават Богородица.

Еве што треба да изговорат верниците на денешен ден:

„Раѓањето Твое, Христе Боже наш, го озари светот со светлина на знаењето; во неа пак, оние што им служеа на ѕвездите од ѕвездата се учеa Тебе да Ти се поклонуваат, Сонце на правдата, и да Те познаат Тебе, Исток на висините,
Господи, Слава Ти.“

Божиќ во нашите домови треба да се слави три дена.

Третиот ден се слави споменот на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, кој во Македонија е и именден на оние што го носат неговото име.

Еве што треба да изговорат верниците на утрешниот ден:

„Првомачениче Христов и апостоле, со добар подвиг си се подвизувал, и си го изобличил безбоштвото на мачителите. Бидејќи со камења беше убиен од рацете на беззакониците, прими венец од Десницата што е во височините, а на Бога Му се молеше, извикувајќи:“

„Господе, не им го земај ова за грев!“

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

WHERE CITY GUIDE

Ресторан „БИСЕРА" е лоциран во населба Аеродром и успешно работи од 2000-та година. ...
Новиот хотел „Сити 5“ се наоѓа спроти Католичката црква и новиот кружен тек. ...
Ресторанот "ОЛИМПИА" е лоциран во населба Радишани, на 8 км од центарот на Скопје, во удобна и тивка атмосфера. ...
Во строгиот центар на Битола, на Широк Сокак, недалеку од вообичаената градска врева... ...
Хотелот Премиер се наоѓа во центарот на Вевчани.