Ако требаше да одиме на годишен одмор во Хрватска, Црна Гора или Бугарија, е тогаш патувавме цела вечност.

Да, годишните одмори кога бевме деца се разликуваа многу од денешните. Тогаш, во времето на Југославија, најчести дестинации беа Јадранско море, Бугарија или грција, а бидејќи автомобилите беа спори, и немаше автопатишта (рака на срце, повеќето патишта и денес се исти), патувањето траење цела вечност. Но можете ли да замислите која авантура беше во прашање кога едно семејство оди на одмор со фичо, стоединка или југо?! Каква романтика, нели?!

Што се однесува до облеката, постарите носеа боролети, додека ние помладите, односно децата, гумени сандали со метални копчи. Шорцевите Јаса кои ги носеа оние пофраерите, беа толку широки што во нив можевте да вршите нужда, а воопшто да не ги соблечете, додека во вечерните часови хит беа еспадрилите и маиците со морнарски риги.

1. Вака некако изгледаше кога ќе тргневме на пат ...

2. А патувавме со фичо, југо или стоединка

3. Повозрасните носеа папучи

4. А ние сандали ...

5. Костимите за капење изгледаа вака ... :)

6. И цигарите беа хит ...

7. А вака некако би изгледале модните блогерки ...

8. Рестораните беа со пластични столови (на некои места и денес ситуацијата не е многу поразлична!)

9. И најчесто пиевме Кокта!

10. Додека на плажа носевме пластични торби и се сончавме топлес, ама само наопаку ...

11. А девојките изгледаа вака ...

12. Сите мажи користеа исти производи ...

13. И мирисаа исто!

14. Јадевме сладолед во топчиња

15. Зашеќерени јаболки ...

 

16. Или Гога чоколади

 

17. И пиевме млеко од кесиња ...

 

18. Со чајна паштета ...

19. А кога одевме во слаткарница јадевме шампита, пудинг или сладолед кој мораше да биде ископан од длабочините ...

20. На плажа читавме германско Браво иако никој не го разбираше ...

21. И наместо пораки преку фејсбук и Инстаграм, испраќавме разгледници! 

 

22. И еве колку бевме симпатични во очите на странците ...

barate

loading...

Booking.com