Едно младо момче падна на прес-конференцијата во партиското седиште додека Никола Груевски држеше говор.

Марко, младото момче што падна на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ беше примен од страна на Груевски. Неколку часа изостануваше рекација од страна на Груевски за да на крај поранешниот премиер се обрати со порака и неколку фотографии кои што ги објави на неговиот Фејсбук профил. Еве што напиша тој:

„Марко беше во право дека успеал да го засени пресот на Заев пласиран кај некои провладини медиуми за 100 дена влада каде што не слушнавме ниту еден проект. На прес конференцијата не приметив, но потоа лично се уверив, вистинскиот борец, младиот Марко е во добра состојба и одлично расположение. Одиме напред заедно во нови победи!“

 


Booking.com