Вечерва во Торонто ќе се одржи светската премиера на новиот документарец за пензионираниот професор по биологија од Неготино.

„Avec L`amour“ („Со љубов“), е филм во режија на Илија Цветковски во кој е претставена приказната за еден поранешен професор по биологија од Неготино, Дионис Пашлаков, кој поседува над сто олдтајмери. Повечето од автомобилите не работат, но професорот секоја вечер сонува дека еден ден неговата колекција ќе прерасне во голем музеј.

По вечерашната премиера во Торонто, филмот потоа ќе се прикажува и во Минхен, на 8 мај, како дел од DOK.fest.

Извор: Makfax.com.mk


Booking.com