Спот и албум објавен на роденденот на Дејвид Боуви

Дејвид Боуви, да беше жив, на 8 јануари ќе го прославеше својот 70-роденднен. Во негова чест на неговиот роденден е издадено ЕП и видео за песната „No Plan“. Во албумот кој е составен од четири сингл песни и видео се наоѓа веќе објавената песна „Lazarus“  од неговиот последен албум „Blackstar“ кој важи за еден од најдобрите албуми во последната година. Видео спотот за песната „No Plan“ го режираше Том Хингстон, а фокусот е на „Newton Electrical“ што воедно е и алудирање на ликот на Боуви од „The Man Who Fell to Earth“.


Booking.com