FaceBook  Twitter  

Овој човек го изгуби својот пулс 45 минути, но се разбуди со неверојатна приказна за задгробниот живот.

Камионџија од Охајо ги шокираше сите во болницата кога се врати во живот по речиси час време откако го изгуби пулсот, по силен срцев удар – но според него, она што го видел во тие напнати моменти го уверило дека постои задгробен живот.

Брајан Милер (41) ја отворал приколката кога почувствувал дека нешто не е во ред со него – веднаш повикал прва помош и на операторот му кажал. „Јас сум возач на камион и мислам дека тукушто имав инфаркт“. Неговата главна артерија била потполно блокирана и предизвикала срцев удар, извести „Fox 8 Cleveland“. Кога го примиле во болница, го изгубил крвниот притисок и потполно го изгубил пулсот, па докторот направил силна, тешка и брза реанимација и го шокирал четири пати обидувајќи се да го оживее, но немал среќа.

За тоа време, Милер вели дека отишол во небескиот свет.

„Единствената работа на која се сеќавам е дека видов светлина и дека тргнав кон неа. Патот беше целиот обложен со преубави цвеќиња а јас се движев кон белата светлина, се додека не дојдов до мојата маќеа која неодамна умре. Таа беше нешто најубаво кога ја видов, како првиот ден кога ја запознав, изгледаше толку среќно. Ме фати за рацете и ми кажа дека не е мое време, дека не треба да бидам тука, дека мораат да ме вратат назад и дека имам уште работи во животот кои треба да ги завршам. Потоа само ми се насмевна и ми мавна со рацете.“ 

По 45 минути неговиот пулс се вратил и покрај тоа што мозокот за целото време не добивал кислород. Денес Милер сега само во една работа е сигурен: „Постои живот по смртта и луѓето мораат да веруваат во тоа.“

 

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Ресторанот е во склоп на хотелот Ми­ле­ни­ум Палас и е со капацитет од 160 лица и тераса со капацитет од 100 лица. ...
Holiday Inn Skopje e хотел од висока категорија кој работи како дел од ланецот хотели Holiday Inn. ...
Фрути ди Маре, не ви нуди само храна, туку и начин на живеење…
Holiday Inn Skopje – Вашиот избор за свадба од соништата
Најдобар Spa Resort за регионот Балкан на World Spa & Wellness Awards 2014 во Лондон.