Кристен Стјуарт глуми во новиот спот на Ролинг Стоунс за песната која во оригиналот ја изведува Еди Тејлор.

И таа никогаш не изгледала покул!

Младата холивудска актерка се вози низ улиците на Лос Анџелес во винтиџ автомобил (Мустанг во сина боја) облечена во фармерки со висок струк и обична бела маица, а кога ќе застане на бензинската пумпа ќе одигра секси танц. „Не ми требаше многу време за да ме наговорат на оваа идеја. Доволно е што се во прашање Стоунси, мустанг и празен ЛА. А и самата идеја е одлична“ порача Кристен која во спотот ја покажа својата дива страна.

 


Booking.com