ban2

Ве водиме во рок кафана Рустинкана, едно од најдобрите места во Скопје

Ова место е по наш вкус!

Преку цел ден служат вкусна храна во пријатен амбиент во строгиот центар на градот. Местото ќе ви се допадне па дури и ако не ги сакате кафаните, а ако сте гурмани, ќе се изненадите од нивните кулинарски способности. Но тоа не е сé. Вкусната традиционална храна тука е проследена со волшебни звуци од рок, блуз, џез или соул музика, а богатото мени ќе ве остави без зборови, но со полн стомак. Омлет или чорба за појадок или трезнење, салата за со некоја ракија, поховани зезалици за со шприцер или секогаш свежо и вкусно месо испечено на жар кое идеално оди со ладно пиво. Просторот е фино дизајниран така што не можете а да не се чувствувате убаво, а ќе најдете по нешто интересно во било кој дел од денот. За викенди на летната тераса организираат рок свирки, а не ги одминуваат ни позначајните спортски настани, особено кога се работи за националните селекции и нивните настапи на големите натпревари.

Се наоѓаат во строгиот центар на Скопје (точна локација види тука), во срцето на еден од последните преживеани паркови - Форум, кој е одлично окружување како за топлите летни денови, така и за преодниот, есенскиот па и зимскиот период. :)

Повеќе за рок кафана Рустикана, како и за тоа каде точно се наоѓа можете да прочитате во нашиот градски водич тука.

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?