Една од најубавите плажи на Јадранското море

Ако ова лето ветерот ве однесе во Дубровник не заборавајте да го посетите и идиличното место Конавле. Таму се наоѓа плажа која е сокриена од погледите, по малку недостапна, но според изгледот и доживувањето – единствена и прекрасна. Станува збор за песочната плажа Песјача во Конавле , поточно во малото место Поповиќи (Конавле).

Прекрасната плажа се наоѓа веднаш зад стрмните карпи, а до неа можете да дојдете спуштајќи се низ долгите, поприлично фотогенични но и стрмни скали кои се направени во карпите. Карпата има 250 метри надморска височина, па така качувањето и спуштањето е доживување само по себе. А кога конечно ќе стигнете на плажата, ќе се чувствувате како во рајот. На неа нема гужва, а ги нема и досадните глисери и бродови кои постојано ви го попречуваат видикот, па можете слободно да уживате во сонцето, морето, природата, тишината и мирот.

И секако, не заборавајте да фотографирате и да објавите на Инстаграм - местото е едно од најфотогеничните што сме ги виделе во животот.

Фото: Инстаграм/ Принтскрин

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?