Ова се најпознатите дестинации за уживање во храна

Според најновите истражувања, речиси половина (44%) од светските патници сака да ја открива локалната храна па токму уживањето во локалните специјалитети на гастрономските дестинации во светот е нешто што најмногу го бараат туристите од целиот свет. Повеќе од половина испитаници (51%) во истражувањето ужива во локалните специјалитети во првите 24 часа од нивното доаѓање на годишниот одмор, а 7 од 10 (односно 69%) на само 2 часа од пристигањето. Водечката светска страница за поврзување на патниците со најголем избор на сместувачки објекти Booking.com ни ги претстави најдобрите дестинации за уживање во храната според мислењето на милион патници и нивните рецензии на Booking.com.

Па така на пример љубителите на пица, не треба да го прескокнат Неапол во Италија. Во своите рецензии патниците го фалат токму ова место како најдобро ако барате совршена пица. Неапол е познат по неговата гастрономска традиција, а покрај пицата нуди и локалитети кои се под заштита од UNESCO како и бројни археолошки богатства во кои можете да уживате пред да ја вкусите надалеку познатата пица со патлиџани и моцарела.

Оние пак кои сакаат морски плодови, мораат да го посетат Лос Абригос на шпанските Канарски острови, на јужното крајбрежје на Тенерифе. Ова сончево рибарско место обилува со бројни рибарски бротчиња, а шармантното пристаниште е совршено опкружување за уживање во вкусните специјалите направени од локални школки.

Токио се наоѓа на самиот врв кога станува збор за суши. Но ова воопшто не нé зачудува бидејќи градот важи за една од највозбудливите гастрономски дестинации и со најголем број ресторани со Мишелинови ѕвездички. Покрај овој специјалитет, во Токио има и многу што да се посети и види, па затоа и се вбројува меѓу најпознатите дестинации на светот.

Понатаму, ако ветерот случајно ве однесе во Валенсија во Шпанија, мора да ја пробате paella-та, Fish & Chips во британскиот Витби, додека од американскиот Хершеј не смеете за си заминете без барем еден гриз од нивното вкусно чоколадо.

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?