Светските патници и авантуристи сакаат сместување во „робинзонски“ стил.

Станува збор за сместување кое најчесто се наоѓа на некои оддалечени предели, на мали острови, шуми, паркови и сите други места кои оставаат впечаток на недопрена природа и вистинска дивина. Ако сакате мир и тишина, робинзонското сместување дефинитивно е за вас.

Ова е еден од најубавите хотели во Македонија >>

Робинзонскиот туризам најчесто подразбира сместување без вода и струја, што значи без основните цивилизациски придобивки од новото време. Вода за пиење се собира од дождовите, а струјата е соларна, ако воопшто ја има. Обично нема топла вода, а тушевите се наоѓаат надвор. Сите ресурси морате да ги трошите рационално, но и да ги набавите сите потребни намирници бидејќи обично продавниците се многу далеку од овие места.

Што претставува робинзонски туризам?

И покрај тоа што терминот самиот објаснува за што станува збор, сметаме дека нема да ви пречи ако го објасниме. Даниел Дефо во 1719 година го објави својот авантуристички роман Робинзон Крусо раскажан во прво лице, како измислена автобиографија на Робинзон кој 28 години поминал како бродоломец на оддалечен остров проживувајќи бројни авантури. Станува збор за еден од најчитаните романи посебно поради авантурите што им ги носи на читателите. Според овој роман настана и овој туристички термин кој подразбира бегство од цивилизација, стрес, работа, градот, и кој за многумина го означува најдобриот одмор.

Што се однесува до нас ние се уште го немаме развиено овој тип на туризам, иако станува збор за гранка која може да се развива како во руралните средини, така и во урбаните кои би можеле да го понудат ваквиот тип на сместување. Можеби е крајно време да размислиме како да ги прилагодиме нашите услуги и содржини на потребите на денешните туристи и на овој начин да станеме атрактивно место за одмор па и за оние кои сакаат да искусат малку поинакви и поавантуристички видови на опуштање.

Што мислите вие? И кои места во Македонија, според вас се соодветни за еден ваков туризам кој е мошне популарен во светот?

Најубавите манастири во Македонија кои морате да ги посетите барем еднаш во животот >>

 

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?