ban2

Грција е една од најразновидните дестинации на светот

И покрај тоа што во последните неколку години епитетот ИТ место се пресели на некои други локации Грција како да се открива наново и тоа најмногу благодарение на бројните „травел“ блогери. И бидејќи Инстаграм е еден од најсилните медиуми што го промовираат туризмот, не е необично туристичките заедници на некои градови да ја искористат таквата шанса (ова треба да го размислат и нашите туристички комори и сите останати кои сакаат да го промовираат нашиот туризам). Што се однесува до Грција, минатото лето според бројот на блогерки најмногу посетуван беше Санторини, а оваа сезона меѓу најпознатите е плажата „Shipwreck Beach“.

Плажата е позната по насуканиот брод кој можеби досега веќе сте го виделе. Се наоѓа на заливот Навагио на островот Закинтос, а се одликува со кристално чисто море во азурна сина боја и високи бели карпи. И токму од овие карпи е најубавата глетка.

Погледнете го овој преубав бутик хотел во Полихроно >>

Трупот од бродот се наоѓа тука од 1980 година а според многумина станува збор за шверцерски брод. Токму затоа плажата е позната и како „Заливот на шверцерите“, а самиот брод денес е заштитен знак на Закинтос (и името Навагио на грчки значи труп од брод).

На плажата можете да дојдете само со брод, а во спротивно можете да ја гледате само од височина. Но можеби тоа е и најдобро – милиони фотографии се направени од ова прекрасно место, па затоа сигурни сме дека нема да претераме и ако кажеме дека оваа плажа е фотографирана повеќе и од Партенон и Акрополис во Атина.

Погледнете како изгледа една од најубавите вили на Ханиоти (која сега можете да ја резервирате и преку нас) >>

Барате совршено место во Неа Потидеа? Погледнете ја нашата препорака >>

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?