На крајниот југозападен дел од Полошката котлина на само 7 километри од Гостивар и околу 80-тина минути возење од Скопје, во подножјето на прекрасната Шар Планина е расплослано селото Вруток, село каде чистата вода и рибата се дел од секојдневната исхрана на населението.


Името на селото Вруток значи врело, извор (силен карстен извор), додека самото име потекнува од карсниот извор Вруток на најдолгата река во Република Македонија – реката Вардар. Самиот извор е еден од поголемите извори во државата со издашност од 1,5 м3 вода во секудна. Водата од изворот е толку ладна што не може долго време да се држи во рака а истата повеќенаменски се користува за водоснабдување на градот Гостивар и за наводнување на обработливото земјиште.

vrutok 2

Самото подножје на Шар Планина каде се наоѓа селото е богато со обработливо земјиште, густи листопадни шуми и високо квалитетна питка вода за пиење директно од самиот извор.Поради поволните релјефни, хидролошки и климатско-вегетациски карактеристики и добриот патен пристап, придонесува с. Вруток да биде се позначајна туристичка атракција. Самиот извор се наоѓа на 683 м.н.в. додека селото се простира и до 755 метри надморска височина.

vrutok3

Поволната географска положба на селото и добрата патна поврзаност со градот Гостивар и магистралниот пат М-4 (Европскиот пат Е-65) овозможува лесен пристап до селото за туристичка рекреација. Во минатото селото било познато по своите чешми од кои населението се снабдувало со чиста вода. Високо квалитетната вода која се добива директно од изворот Вруток овозможило денес во селото да има неколку рибници каде се одгледуваат познатите „Калифорниски пастрмки“ но и далеку прочуената златна пастрмка каде за првпат во светот е создадена токму во селото Вруток.


vrutok1

Самата селска населба има огромен потенцијал за еко туризам. Рибарството е во подем иако селото не се наоѓа на морско или езерско крајбрежје. Во неколкуте рибници годишно се одгледуваат околу 100 до 200 тони риба поточно калифорниска и златна пастрмка, додека првиот рибник во селото бил изграден во 1963-та година. Самата пастрмка се приготвува на два начини и тоа: отворен начин со извадени коски и затворен начин.


Бројните шумски и планинарски патеки низ густата дабова и букова шума овозможуваат да се стигне до Мавровското Езеро и околните планински села како и до височините на Бистра и Шар Планина.

vrutok 2

Сепак потребно е да се вложат средства со цел да се обнови и прошири локалниот патен правец кој го поврзува селото Вруток со селата Равен и Здуње и градот Гостивр како и подобро поврзување со магистралниот пат М-4, обновување на селските улици со што ќе се овозможи подобар проток на возила и посетители.

Вруток е село каде се спојуваат минатото и традицијата, прекрасната храна и бројните специјалитети, неверојатната природа, изворот на р. Вардар и чистата вода, архитектурата, рибниците но и гостопримството на населението, спој кој привлекува се повеќе посетители да уживаат и да го истражуваат природното богатството на селото и околниот простор.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?