Манастирот се наоѓа на 3 километри од селото Сливница, на источниот брег од Преспанското Езеро.

Пред 100 години околу манастирот се простирала огромна борова шума која изгорела во пожар. Манастирот е подигнат во 1607 година, и според описот е граден во три фази, и тоа од 1607, од1612 и главно во 1645 година. Од тој период потекнува и живописот во храмот, како и дрвениот иконостас со престолните икони, царските двери и големиот крст. Стар е 400 години. Во склоп на манастирот има конаци кои ги користат жителите на Преспа.

Конаците се изградени при крајот на XVII век и на два пати биле опожарени. Неговата обнова е започната во 1994 година и до 1998 год. обновени се 20 конаци со 90 легла. Во манастирот има и лековита вода. Манастирската црква е посветена на Света Богородица.

Во дворот на манастирот постои чешма за која се верува дека е света и лековита вода. Чичко Бошко домарот на црквата вели дека водата која извира од под манастирската црква лечи од болести и помага за пород.

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?