matte

Смоларскиот водопад е единствен постојан водопад во Македонија со вкупна височина на вертикалниот отсек на водата од 39,5 метри.

На двесте километри од Скопје, во општината Ново Село, Струмичко, скриено во длабока шума, бегајќи од погледот на човекот, започнува приказната за Смоларскиот водопад.

smalrski2

Смоларе е како повеќето села во Македонија, мало село во кое живеат љубезни и гостопримливи луѓе. Но ова село има посебно богатство скриено во планината, Смоларски Водопад.

smolarski4

Водопад сместен на северните падини на планината Беласица, по текот на реката Ломница, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари.

Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска река.

Погледнете ги најдобрите места во Струмица тука >>

smolarski3

На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри. На патот кон водопадот ќе наидете на мал пазар од каде можете да купите преубави локални производи. Овој пазар е отворен пред неколку години, односно во Јануари 2007, каде локалното население е секогаш таму да ви понудат локални пиперки, јаболка, краставици и уште многу вкусни и здрави производи.

Прочитај повеќе за Сломарските водопади тука >>

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО