matte

Се верува дека мајката божја исцелува од сите неизлечиви болести но и ги дарува оние кои не можат да имаат деца.

kalista1

Калишкиот манастирски комплекс го сочинуваат четири светилишта, две пештерски цркви посветени на Богородица и Атанасиј Велики и уште две цркви едната посветена на мајката Божја другата на светите апостоли Петар и Павле.

Погледнете како изгледа хотелот Изгрев (Спа & Аквапарк) >>

За чудата на манастирот се слуша надалеку. Овде е една од највредните икони во земјава, единствена на Балканот Чудотворната икона – Богородица во црно, пронајдена во малата пештерска црква. Се верува дека мајката божја исцелува од сите неизлечиви болести но и ги дарува оние кои не можат да имаат деца.

kalista1

Луѓе односно жени кои што немале дечиња молејќи се на пресвета Богородица стануваат мајки, а и многу од мајките доаѓајќи со своите веќе поголеми деца доаѓаат и потврдуваат дека да не беше Пресвета Богородица можеби ќе го немав ова детенце што оди сега.

kalista2

Во манастирскиот двор се наоѓа Чинарот од времето на Цар Самоил, стар 700 години. Духовноста на светилиштето , верувањето во исцелителноста и благословот на Мајката Божја е вистинска магија и причина за многуте венчавки и крштевки во манастирот.

Кликни тука и види ги најубавите хотели во Струга >>

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com