Вевчани, место каде природата ги дала најголемите убавини.

На патот кон Струга, после селото Велешта, во падините на планината Јабланица е сместено едно најубавите македонски села. Доколку патувате од Охрид, оддалечено е 30km.

vevcani 1

Кога ќе стигете таму на сред село ќе ве пречекаат љубезните жители на Вевчани, кои со душа чекаат посетители за да ги раскажат легендарните приказни врзани за ова место. Освен што е препознатливо по традиционалниот карневал кој секоја година се одржува на Василица 13ти и 14ти јануари, Вевчани изобилува со неверојатна природна убавина, а вистинска атракција се Вевчанските извори.

Погледнете како изглeда ресторанот Кутмичевица во Вевчани >>

vevcani 4

За да стигнете до изворите потребни ви се 10-тина минути од центарот на селото нагоре, следете ги ознаките и уживајте во старите уникатни селски куќи кои пленат со својата топлина.

vevcani3

Во пределот кај изворите направена е посебна пешачка патека, можете да најдете и дрвени клупи и масички. Уживајте во зеленилото и звукот на водата

vevcani2

Преку спојот на дрвото и каменот, традиционалните предмети и старото огниште овде ќе ја почувствувате топлината што ја овозможува нашата земја.

Кликни тука и погледнете каде да се сместите во Вевчани >>

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?