matte

Куклица и камени кукли- легнеда која се пренесува од генерација на генерација.

Кликни тука и прочитај повеќе за ова место >>

Селото Куклица се наоѓа близу Кратово, каде ќе ги најдете и камените кукли. Ова необично место им е познато на странските туристи и како камен град, а крие легенда која ќе ве натера на размислување и ќе ви ја скокотне фантазијата.

Топ 5 манастири во Македонија кои морате да ги посетите барем еднаш во животот >>

Најпознатата легенда за ова место вели дека во дамнешно минато, на една свадба во селото Куклица се случила огромна трагедија. Една разочарана и вљубена девојка, била бесна поради тоа што момчето се жени за друга, па ги проколнала. Клетвата ги стигнала на денот на свадбата, кога веселејќи се, сите гости на веселбата, заедно со зетот и невестата, се скамениле.

kuklica3

Локалните жители, тврдат дека на секои 5 до 6 години, се појавува по една нова камена кукла.

Кои се најдобрите места и ресторани во Охрид според Lonely Planet >>

Научниот аспект е сосема спротивен од она што го кажува легендата. Научниците тврдат дека камените кукли се создале уште пред да се појави каква било населеност на планетава, и тоа од вертикална ерозија на вулкански карпи.

Кликни тука и прочитај повеќе за ова место >>

Можеби легендите на народот не се толку логични и не звучат вистинито, сепак секогаш се поинтересни од тврдењата на научниците. Затоа легендата останала и ќе се пренесува од генерации на генерации. Ќе се зборува за разочараната девојка, нејзината клетва и скаменетите свадбари, а кога ќе го посетите самото местото тоа ќе ве понесе да верувате во оваа легенда, дури и да си ги замислувате лицата на свадбарите и јасно да ги гледате зетот и невестата како стојат еден до друг во прегратка.

Кликни тука и прочитај нешто и за Лесновскиот манастир >>

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com