Без разлика дали купувате за вас или сте во потрага по интересен подарок за вашиот партнер или некоја блиска личност, ова се три адреси кои едноставно не смеете да ги прескокнете кога купувате козметички производи.

Секоја девојка има свои омилени продавници – некои од нив веднаш ни паѓаат на памет кога ќе видиме дека некој производ ни е при крај или заклучиме дека ни треба надполнување на асортиманот за нега и убавина, а други пак се наши омилени дестинации за шопинг терапија и моментално зголемување на расположението. Несомнено, парфимериите се на врвот на листата на омилени продавници на сите жени. Сите жени со задоволство купуваат парфеми, шминки и козметички производи и најчесто имаат определено продавници во кои имаат 100% доверба во однос на квалитетот и цените на производите. Сепак, има една маана кога постојано купувате од едно место, а тоа е дека можете да пропуштите некои нови или различни производи кои се нудат во другите продавници. Ова се однесува и на козметичките или пак фризерските услуги. Затоа ви препорачуваме добро да ја разгледате целата понуда во околината и на крај да заклучите што најмногу ви одговара. Ова ќе го направите најбрзо и најлесно разгледувајќи го нашиот градски водич WHERE (кликни тука), каде во секое време можете да најдете листа на најразлични продавници или пак услуги, во зависност од она што го барате во моментот. Водичот ја вклучува и другата страна, страната на понудата, така што доколку имате салон за убавина, фризерски салон, парфимерија и сл., можете слободно бесплатно да се регистрирате и да им овозможите на вашите идни клиенти полесно да ве најдат.

Купувањето на козметички производи понекогаш може да претставува и макотрпен процес, не само во однос на драгоценото време кое ќе го потрошите додека да најдете некој соодветен производ според вашите критериуми, на пр. маскара или пак шампон, туку поради тоа што на крајот може да се случи сепак да купите погрешен производи. Тука играат улога различни фактори. Често пати советот на вработените може многу да ви помогне во изборот на соодветен производ, земајќи во предвид дека тие знаат кои производи најмногу се бараат и од кои купувачите се најзадоволни. Од друга страна пак, ако купувате пудра или кармин, најдобро ќе биде да ги пробате и тоа во соодветно осветлена продавница за да можете да ја изберете вистинската нијанса. Ако барате специфични производи како органски производи или одредена марка на производи треба да знаете каде да се упатите бидејќи во вашата локална парфимерија најверојатно нема да ги најдете. Токму во вакви финеси и лежат разликите од продавница до продавница, па кога се во прашање козметичките производи, денес издвојуваме топ 3 парфимерии кои според нас се најдобрите во Македонија.

Еликсир Ексклузив

ул. 11-ти Октомври 38, Скопје >>

Во парфимериите на Еликсир Ексклузив (види тука), можете да ги најдете производите од сите познати брендови парфеми како што се : Dolce & Gabbana, Gucci, Hugo Boss, Lacoste, Escada, Calvin Klein, Davidoff, Armani, Bvlgari, Lancome, Dior, Givenchy, Paco Rabanne, Carolina Herrera, DKNY, Sarah Jessica Parker, Joop, Marc Jacobs, Chopard, Issey Miyake, Naomi Campbell, Christina Aguilera, Bruno Banani, Puma, Mexx, James Bond и многу други. Од декоративната козметика, во Еликсир можете да најдете Max Factor, Dior, Estee Lauder, Clinique, L'oreal, Bourjois, Maybelline и Manhattan, додека од препаративната козметика тука ќе ги најдете производите на Dior, Lancaster, Lancome, Clinique и Estee Lauder.

КОСМО ТИНЕКС

ул. Васил Ѓоргов б.б., ТЦ Зебра >>

Космо Тинекс дрогериите со својот модерен изглед, функционалноста и изобилството на избор и содржини ги исполнуваат префинетите желби на модерната жена, но не го забораваат ниту модерниот маж и неговите потреби.

ПАРФИМЕРИЈА МЕРКУР

Никола Тесла, бр. 52, Битола >>

Ако претходните две беа места каде можеме да си ги купиме нашите омилени козметички производи во главниот град, сега на ред е и една од нашите омилени парфимерии надвор од Скопје. Станува збор за новоотворената парфимерија Меркур лоцирана на улица Никола Тесла, бр. 52, на  влезот на Старата Чаршија. Во новата парфимерија Меркур можете да ја најдете декоративната козметика на Севентин, Радијант, Аура, Есенс, Евелин и Тренди како и парфеми од реномирани светски брендови, кои ќе ги задоволат префинетите желби и потреби на сите потрошувачи, без разлика на полот, без разлика на стилот и потребите.

Секако, ова е само почеток. Во иднина оваа листа ќе се надополнува и надградува и тоа со ваша помош. Затоа, слободно испраќајте предлози кои продавници треба да се внесат во одредените категории во нашиот градски водич (скокнете во рубриката за Нега и убавина која можете да ја видите ако кликнете тука), или пак слободно регистрирајте се и внесете ја вашата парфимерија или пак салон за убавина, и тоа потполно бесплатно!

види повеќе »

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?