matte

Според еден од најпознатите портали за туризам во светот , Охрид се најде меѓу 10-те најубави градови кои треба да се посетат во 2017 година.

Покрај Охрид, на оваа листа се најдоа и градовите Кејптаун, Лос Анџелес, Мерида (Мексико), Пистоја (Италија), Сеул и уште четири други градови. Според авторите на текстот Охрид е најубав кога го набљудуваме од чамец од каде се гледаат портокаловите кровови проткаени со врвовите од старите средновековни цркви. Тие го опишуваат Охрид како град кој се трансформирал од познат духовен центар во најпознатото туристичко место во Македонија. Но, бидејќи се очекува брз градежен развој кој би можел да го смени ликот на градот, на своите читатели (кои се од целиот свет) им препорачуваат дека сега е најдоброто време да се посети истиот додека се уште го има својот препознатлив шарм.

Понатаму има линк кој води до друг текст наменет само за Охрид (Како да поминете перфектен викенд во Охрид) во кој зборува за 365-те цркви кои некогаш биле изградени во овој град, по една за секој ден од годината. Се споменуваат познатите охридски бисери, црквата Св. Софија, летната бавча Канео и култниот џез бар Џез-Ин кој се наоѓа во стариот град.

Авторите на текстот предлагаа да се посети манастирот Св Наум, како и заливот на коските. Се споменуваат Ресторанот Острово, скриениот бар на плажаат Oревче, националниот парк Галичица, потоа вкусните локални јадења кои туристите можат да ги пробаат во организација на Free Pass Ohrid (freepassohrid.mk). како и Вевчани и ресторанот Кутмичевица

ЦРКВА СВ. СОФИЈА

Цар Самоил, Охрид 6000 »

Света Софија — катедрала во стариот дел на градот Охрид во југозападниот дел на Република Македонија. Посветена е на Христос како Божествена Премудрост т.е. Св. Софија. Оваа црква представува еден од најзначајните знаменитости во Македонија со нејзината средновековна архитектура и фрески. Ова е една од најголемите средновековни цркви на овие простори. Во еден долг временски период таа била соборна црква на Охридската архиепископија, која својата црковна власт ја протегала на територијата на север од Дунав, до албанските брегови на запад и до Солунскиот Залив на исток. Покрај нејзиното значење како знаменитост, внатрешноста на црквата и нејзиниот двор и колонада претставуваат важно место за одржување на културни збиднувања како концерти и драмски претстави.

Првобитно црквата имала само една главна купола, а во XIV век било изградено раскошното надоврешно предворје. По својата првобитна форма таа им припаѓала на трокорабни базилики со трансепт, купола и галерии на бочните бродови. Уште во XI век имала и припрата, а над северното и јужното одделение на олтарот биле формирани посебни капели. Вака оформениот објект, скоро три века подоцна, во времето на архиепископот Григориј, добил припрата- градба која го презентирал врвот на архитектонска култура во Македонија од XIV век. Издолжената припрата е концепирана во хоризонтала, со портик во приземјето и галерии на катот, а на северната и јужната страна од Григориевата галерија се креваат посебни одделенија со кули.

Кликни тука и прочирај повеќе за ова место >>

 

ЏЕЗ ИН

Коста Абраш 74, Охрид »

Jazz Inn е култно место во Охрид и еден од најпознатите џез клубови во Македонија. Се наоѓа во најубавиот дел на Стариот град, во непосредна близина на самото езеро ...

 

ОСТРОВО

Black Drim's Springs »

Ресторан „ОСТРОВО" се наоѓa на јужно-источната страна на Охридското Езеро, на еден од двата острови на изворите на реката Црн Дрим, во близнина на Манастирот Св. Наум Охридски кој е опкружен со најживописната природа во поширокиот регион. Во нашиот ресторан може да уживате во вкусот на македонската традиционална храна од Охридскиот регион.

Ресторанот Острово во текот на зимскиот период нуди капацитет за 90 лица, со можност за дополнителни 80 места на терасата, а во текот на пролета и летото целиот остров прераснува во ресторан-градина со повеќе од 500 места за посетителите.

Кликни тука и види повеќе за овој ресторан »

РЕСТОРАН ПАНСИОН КУТМИЧЕВИЦА

Вевчани »

Пансионот Кутмичевица го промовира богатото историско и културно наследство на питорескното село нареченo Вевчани, сместено под падините на раскошната планина Јабланица, оддалечено од Охридското Езеро на само 14 км, на надморска висина од 930 метри. Оваа прекрасна реставрирана куќа од далечниот 19-ти век ја задржала својата оригиналност, се сплотила со автентичниот мебел и традиционален амбиент.

За време на престојот во ресторанот-пансион Кутмичевица, гостите воедно ќе бидат  дел од несекојдневната традиција и обичаи, сведоци на неискоренатата култура и автентична архитектура, како и на воодушевувачката панорама на околните села и градови, Охридското Езеро па се до врвот Пелистер. Пансионот Кутмичевица располага со двокреветна и трокреветна соба, уредени во традиционален етно стил, со сите потребни услови за удобен престој: клима, кабловска телевизија, интернет, парно греење, купатило…

Кликни тука и види повеќе за ова место >>

Фото: Фејсбук/Приватна архива

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com