Еве кои места во Македонија Вог ги препорачува на своите читатели.

Македонија е нова дестинација за гурманите која треба да се осети за да се вкуси здравата традиционална храна, објави престижниот моден магазин Вог на својата Интернет страница. Според авторката на текстот, Клер Волкман, каде и да одите во нашата земја, секој оброк е вкусен, направен со страст и љубов, без адитиви и конзерванси на кои се навикнати луѓето од западниот свет. Токму затоа, според неа, Македонија мора да биде запишана во мапата на секој турист кој е во потрага по вистинските вредности. Авторката во текстот спомнува неколку соговорници, а меѓу нив Тефик Тефикоски кој е сопственикот на Хотел Туто во село Јанче и кој е еден од зачетниците на slow food правецот во Македонија, како и со Јане Јосифовски, основачот на порталот „ Macedonia Experience “ и туристички водич во рамките на „Intrepid Travel “ кои организираат гастрономска тура низ Македонија. Покрај овие двајца, Клер разговара и со Горан Мицковски, сопственикот на пансионот и ресторанот „Плевна“ во село Куратица и преку разговорот со нив се обидува да ја открие тајната на традиционалната македонска кујна.

„Кога зборуваме за slow food принципот, ние всушност зборуваме за нормалниот живот на еден обичен човек во Македонија. Тоа не ја претставува само храната, туку и начинот на животот на овие луѓе кои живеат тука и нивната страст кон традицијата, вели Тефик“, основачот на македонскиот огранок на slow food.

Тефик, кој другарите го викаат Туто, е пораснат во Мавровскиот регион, место познато по прекрасното сирење и зеленчук. Повеќето рецепти ги има научено од неговата мајка и баба, а меѓу нив и начинот како да направи вкусен ајвар, со пиперки кои бавно се печат, и тоа вообичаено во домашни услови, и за кои ви е потребно околу 8 часа печење. Според него, „бавната храна“ го претставува неговиот живот, неговото детство, и тоа не била од секогаш неговата мисија. Се додека не заминал да живее во Италија, како и многу луѓе што денес заминуваат од Македонија, каде всушност сфатил колку посебна кујна имаме во Македонија.

Кои се и каде се наоѓаат најубавите планинарски домови во Македонија

„Работев 20 години во Италија и тоа беше едно големо искуство за мене. Во 2006 година се вратив во своето родно место и навистина ја чувствував и ценев неговата недопрена убавина, како и посебната традиционална кујна. За среќа, времето поминато во странство ми го даде потребното искуство за да можам да отворам хотел, да навлезам во алтернативниот туризам, и да го започнам новото „слоу фуд“ поглавје во моето село Јанче“, вели Туто.

Понатаму во текстот се споменува влијанието на турската кујна, а следуваат и преубави фотографии со традиционалните македонски јадења како што се разни пити и кифли, тавче гравче, полнети пиперки, пржени тиквички и модар патлиџан, печени пиперки со лук, макало, а накратко е објаснет и начинот како се прави македонскиот ајвар и пинџур.

„Страста и љубовта да се прават јадења кои ги правеле и нашите предци, како на пример пржено свинско со македонска пиперка, макало (креместа и многу вкусна смеса од бел лук) или бурек од спанаќ најверојатно нема да се промени барем уште некое време. Секогаш ќе има по некој дома кој ќе може да произведе храна и кој ќе го донесе семејството на заеднички ручек – без разлика дали тоа ќе биде баба, мајка, сопруга или ќерка“ вели Јосифовски, Тој исто така додава дека додека светот се обидува да ја врати органската храна во гастрономијата, руралните средини во Македонија и домаќинствата го првата тоа со децении.

Три гастро адреси во Скопје кои морате да ги посетите

„Овој концепт на „старата школа“ им дава на нашите земјоделски производи полн вкус. Го прави секој зеленчук , секој оброк, да биде посвеж, повкусен. Некои од нашите јадења можеби не изгледаат најубаво, но затоа се вкусни и здрави“, вели тој, а пишува Вог.

Инаку, местата што следуваат се истите оние кои Вог ги препорачува на своите читатели како места кои секој вистински гурман би требало да ги посети.

ХОТЕЛ РЕСТОРАН ТУТО

с. Јанче, Маврово, Македонија »

Хотелот ТУТТО се наоѓа во с.Јанче, во срцето на Националниот парк Маврово. Хотелот е лесно достапен и се наоѓа само еден километар од регионалниот пат Гостивар - Дебар и до него води асфалтиран пат. Сместен во реканскиот ридско-планински предел во подножјето на планината Бистра и во непосредна близина на манастирот Св.Јован Бигорски (прочитај повеќе за ова место), хотелот ТУТТО нуди панорама со прекрасен поглед кон селото, селските куќи со специфична архитектура и старите градби. Изграден од исклучиво природни градежни материјали, хотелот е пространо сплотен со сивите карпи, зелените шуми, бистрата вода, небеското синило, ѕвездените ноќи и месечината. Она што посебно плени е погледот на кривулестата трага на реката Радика чиј кањон поминува низ овој крај. Тука утрата се свежи и пријатни, денот исполнет со мириси на природата, а тивките ноќи се совршени за пријатен одмор.  

Хотел „ТУТО“, за гостите организира прошетки и екскурзии во природа. Понудата е повеќе од атрактивна. Доволно е само да се земе во предвид дека во реканскиот регион има повеќе природни убавини и локалитети кои се интересни и привлечни за туристи. Во оваа понуда се вклопува и незаобиколното културно-историското богатство и мноштвото споменици (водопадите Дуф, селото Галичник, св. Јован Бигорски и мн. други). 

Прочитај повеќе за ова место тука >>

НАЦИОНАЛЕН РЕСТОРАН ЧАРДАК

Скопска Црна Гора, Скопје »

Македонската кујна и македонската традиција сплотени во една приказна, приказна која започнува далечната 1963 во националниот ресторан Чардак на Скопска Црна Гора сега прераскажана во срцето на Дебар Маало во центарот на боемскиот дух на Скопје. Вратете се во минатото во историјата со прекрасната чалгиска музика, македонската храна, македонското вино. Вратете се заедно да ја раскажуваме приказната наречена Чардак!

Прочитај повеќе за ова место тука >>

КАМИН ЧАМО

ул. Михаил Цоков 6-а, Скопје »

Ресторанот Камин Чамо постои од 1989 година и сите овие години остана верен на традицијата со автентичен ентериер, одлична услуга и домашни македонски специјалитети. Посебниот вкус на јадењата е само дел од многуте причини поради кои треба да го посетите ова место.

Прочитај повеќе за ова место тука >>

ДАЛГА

Ул. Коста Абраш бр.3, Охрид »

Ресторанот „Далга" е сместен во стариот дел на градот Охрид. Внатрешноста на ресторанот восхитува со автентична среденост на стара охридска куќа, со многу убави, врдени антички сувенири. Престојот во ресторанот "Далга" е ретка можност да се почувствува мирисот на езерските води помешан со пријатните мириси на разните специјалитети кои доаѓаат од кујната во ресторанот. Во "Далга" ќе бидете љубезно пречекани и послужени со најдобрите рибни специјалитети и секој друг вид специјалитет од интернационалната кујна, со сите видови алкохолни и безалкохолни пијалаци. Со својата пријатна и смирена атмосфера, ресторанот "Далга" може да Ви овозможи пријатни деловни разговори покрај Охридското Езеро, а секако и едноставни, неофицијални разговори со Вашите пријатели. 

Прочитај повеќе за ова место тука >>

СТОБИ ВИНАРИЈА

Автопат бр. 2 1420, Градско »

Луксузен и полн со стил, ресторанот на Винарија Стоби е предодреден да стане центар на гастрономската култура во овој вински регион. Нашите кувари го комбинираат своето знаење стекнато во врни угостителски објекти вон Македонија со традиционалните јадења присутни на ова поднебје, кои заедно со преубавите вина на Стоби создаваат симфонија на вкусови и мириси единствено достапни на ова место.

Прочитај повеќе за ова место тука >>

Фото: Vog, Facebook/arhiva

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?