loading...

Барате интересно место во градот? Дали досега сте ги посетиле овие три адреси..

Шетајќи низ Скопје, сигурно сте забележале дека некои места (тука пред се мислиме на кафе барови и ресторани) го привлекуваат вниманието на прв поглед и како да поседуваат некоја чудесна моќ што ве привлекува да влезете. Ова може да ви се случи без разлика дали сте од Скопје или од некој друг град од Македонија, или пак некој случаен турист кој издвоил два-три дена од својот живот за посета на нашиот главен град.

Public Room - гастро адреса во Скопје која морате да ја посетите >>

Овој пат во фокусот ни се токму таквите места кои секогаш се наоѓаат во близина на некое друго одредиште кој тој ден планирате да го посетите и кои едноставно не можете да ги прескокнете ако се најдете во нивна близина(еве на пр. ако случајно тргнете низ центар, се шетате со пријателите низ градскиот парк или едноставно ветерот ве однел во населбата Аеродром). На овие места покрај добрата музика (и вкусната храна), ќе сретнете и по некој пријателски поглед на сродна душа, која исто како и вие сака да се опушти и да ужива во сите благодети што ги нуди пријатното опкружување. Па, еве неколку такви места кои едноставно морате да ги посетите, секако ако веќе не сте нивен постојан гостин (како нас).

ГОРКИ

Максим Горки, 1000 Скопје >>

Ако патот случајно ве однесе накај центарот на Скопје, или едноставно, тука некаде во близина е вашата канцеларија или пак вашиот хотел или хостел, и барате место да се напиете кафе со пријателите, или пак вкусен појадок кој дефинитивно ќе ви го разубави денот, тогаш никако не смеете да го прескокнете кафе барот „Горки“. Во ова шармантно арт кафе во срцето на Скопје можете да го поминете и вашиот заслужен попладневен одмор, како и вечерното дружење со пријателите со голтка или две пиво, а интересниот ентериер и опкружување, вкусното и креативно мени, како и насмеаниот и пријателски расположен персонал ќе направат да се чувствувате убаво и да сакате пак да се вратите на ова место.

Кликни тука и види повеќе за ова место >>

РОК КАФАНА РУСТИКАНА

Димитрија Чуповски 5 (Вељко Влаховиќ), 1000 Скопје >>

Рок кафана Рустикана е за многумина спој на неспоивото за овие простори (или барем така пишува за ова место на нивниот Фејсбук профил). Вкусна традиционална храна во комбинација со звуци на рок, блуз, џез или соул. На менито ќе најдете по нешто за секоја пригода и дел од денот. Омлет или чорба за појадок или трезнење, салата за со некоја ракија, поховани зезалици за со шприцер или секогаш свежо и вкусно месо испечено на жар кое идеално оди со ладно пиво. За викенди на летната тераса се организираат рок свирки со локални кавер бендови за уживање и забава на гостите, а не се одминуваат ни поважните спортски настани, особено кога се работи за националните селекции и нивните настапи на големите натпреварувања.

Топ 3 места каде ќе ве послужат со најдоброто кафе во Скопје >>

Кликни тука и види ја новата Рустикана 2 >>

Рок кафана Рустикана се наоѓа во строгиот центар на Скопје, во близина на паркот Форум, кој е одлично окружување во топлите летни денови.

Кликни тука и види повеќе за ова место >>


ПОШТА АЕРОДРОМ

3-та Македонска Бригада, 1000 Скопје >>

Редно е да споменеме и некое интересно место кое не се наоѓа во строгиот центар на Скопје, а секако вреди да се посети. Првото вакво место на кое се сетивме во моментот е новоотворениот ресторан Пошта во Аеродром, дестинација која ќе ве изненади како со пријатниот амбиент (не знаеме за вас, но ние внатре се чувствуваме како во филмот „Соул-кујна“ од Фатих Акин), така и со сметката што ќе ја добиете. Па каде во Македонија можете да се фатите за паричникот и без проблем да ја платите сметката за цела маса, а притоа да не изгледате како да сте голтнале кнедла или испиле на екс литро балсамико?! Да, овде ќе најдете вкусна храна по цени кои изгледаат нереално, но навистина функционираат на ова место. Тука се и постојаните промоции и специјални попусти на одредени јадења или пијалоци. Овој месец имаше промоција на риба и морска храна по крајно поволни цени (свежа пастрмка за само 119 денари или поховани лигњи за 299 денари!) како и извонредно вкусни пилешки крилца и суфлаки по цена од 99 односно 52 денари. Откако еднаш ќе го посетите ова место, навистина ќе се запрашате дали готвењето дома има смисла... Особено ако живеете или работите во близина!

Wonderlust - ново место за кафе и шопинг во Скопје >>

Па, на здравје.. и до нашето следно видување!

Кликни тука и скокни во Where, најдобриот градски водич во Македонија »

Фото: Фејбсук/ архива

barate

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

loading...

 

ПОПУЛАРНО