Без разлика дали ќе одлучите да патувате до некоја дестинација со автомобил, да се рекреирате со велосипед или пак сакате малку да ги истегнете нозете и да прошетате (или комбинација од претходно наведеното), овде ви предлагаме неколку интересни места во Македонија кои навистина вреди да се посетат во следниот период.

Планинарски дом Вртешка >>

Сигурно досега ви се има случено кога ќе посетите некое ново место да се запрашате како досега не сте знаеле за него или не сте го посетиле и уште колку ли такви чудесни места има во нашата преубава земја што треба да се видат?! И дури и да си мислите дека многу работи сте виделе, поминале и доживеале, и дека нема што друго интересно да се види, можете да се најдете во ситуација да се изненадите од убавината на првата средна со некое место за кое сте слушнале, но сепак досега не сте имале можност да го видите. Па, ако се пронаоѓате во овие редови тогаш верувајте дека овој текст е наменет за вас, како и за сите љубители на природата и сонцето, кои се чувствуваат немоќни да им се спротивстават на тмурните есенски денови и да уживаат максимално во овој период од годината. И наместо да очајуваме поради намалувањето на денот или се поголемото отсуство на сонцето, најдобро ќе биде да извлечеме најмногу што можеме од ситуацијата и тоа на еде н сосема поинаков начин. Наместо вообичаената прошетка до блискиот парк, игралиштето за деца, продавниците или пазарот, ви предлагаме да ги искористите викендите за малку поинаква и продолжена прошетка до некое место кое е интересно и живописно во овој период од годината. По прошетката ќе се чувствувате свежи и исполнети, ќе бидете радосни што сте виделе и доживеале нешто ново, и батериите ќе ви бидат наполнети со позитивна енергија што ќе ви треба во претстојната недела.

Нашата земја несомнено изобилува со прекрасни планини, а на нивните падини, висорамнини и гребени има бројни планинарски домови. Кога последен пат сте посетиле некој од нив или дали воопшто некогаш сте се нашле на некое вакво место? Без разлика дали сте од Скопје, Битола, Куманово, Штип, Гевгелија или Тетово, во близина на секое населено место сигурно има некое местенце кое зрачи со позитивна енергија и за кое не ви требаат многу пари, туку повеќе добра волја и желба за истражување. Оставете ги Грција и Бугарија за некое друго време, побарајте што имате од планинарска опрема (или добри патики, тренерки, јакна и дуксерка) и овој викенд побарајте малку поинаков издувен вентил во посета на некој од нашите најдобри планинарски домови. Убаво прошетајте и одморете во прекрасната природа, а на враќање застанете во некој пријатен ресторан со домашни традиционални јадења. 

Топ 3 места каде ќе ве послужат со најдоброто кафе во Скопје

Овде направивме мал преглед на најубавите планинарски домови во Македонија, кои можете да ги посетите и да си поминете прекрасен викенд.

Даре Џамбаз

Кликни тука и види повеќе за овој дом >>

Претпоставувам дека сите сте слушнале за овој планинарски дом, но дали знаете и дека на ова место, на линија со небото над Скопје, можете и да преспиете? А ако веќе сте биле овде, кога сте биле последен пат? Сигурно многу одамна. Домот е оддалечен од градот 1-2 часа пешачење, а покрај по неколкуте преубави обележани патеки, до него можете да стигнете и со автомобил (поточно до Средно Водно), а потоа со жичарницата до самиот врв Крстовар. Домот кој се наоѓа на 1060 м.н.в. го носи името на Даре Џамбаз, еден од  основоположниците на планинарството во Македонија. Почнал да се гради 1950 година од страна на Планинарскиот сојуз на Македонија, а во употреба е ставен од 1952 година (во последно време поради некои чудни околности, домот понекогаш не работи, но се надеваме дека институциите ќе ја увидат оваа слабост и нема да дозволат ова место неславно да заврши). Домот не е ориентиран кон бизнис, туку нуди многу прифатливи цени (ако се уште не сте го пробале нивниот чај од 20 денари, тогаш направете го тоа веднаш!) а со него стопанисува планинарското друштво „Бистра“. Па без разлика дали до него ќе стигнете со велосипед, или пешки, од Средно Водно, преку патеките (олимписка, Димитар-Цветкова или пензионерска), или пак со жичарницата, ова е место кое едноставно морате да го посетите. Прекрасен поглед, вистинско едрење со очите и мислите низ хоризонтот што ви се протега над Скопје, но и одлично местенце каде можете да каснете, пивнете и одморите додека читате весник или разговарате со семејството или пријателите. Потоа можете да појдете до „Македонско село“, или на кафе или ручек во „Пантелејмон“.

Китка

Кликни тука и види повеќе за овој дом >>

Китка е планина во Македонија која се наоѓа југоисточно од градот Скопје на само еден час возење со автомобил. Таа е дел од најголемиот македонски планински масив Мокра Планина и претставува негова североисточна гранка. Највисок врв е врвот Лисец со надморска височина од 1.588 метри, а на билото се истакнува и врвот Красна со 1.565 метри надморска височина и препознатливи карпести облици. Планината изобилува со богат шумски фонд, претежно од листопадни дрвја (бука, даб, јасика) како и нискостеблести и грмушести зимзелени растенија. На планината се обележани повеќе планинарски патеки кои се дел од трансферзалата „Македон“ која оди кон Солунска Глава, а постојат и возобновениот планинарски дом „Китка“ како и туристичката викенд населба „Мала Река“. Што се однесува до планинарскиот дом (точната локација види ја тука), станува збор за неколку дрвени бунгалови кои се распослани во една ливада целосно заокружена со високи дрвја, под самиот врв на планината. Местото е погодно за цели семејства, кои овде можат да поминат прекрасен викенд.

Национален парк Маврово >>

ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ МУРАТО

Кликни тука и види повеќе за овој дом >>

Ова е дефинитивно уште едно од оние места во Македонија кои едноставно мораат да се посетат. Домот се наоѓа на самиот брег на Големото езеро, а до него можете да стигнете со теренско возило или пешки од селото Ниџеполе (околу 3 часа пешачење). Домот има капацитет од 50 кревети, кујна и голема трпезарија. Можете да носите храна и пијалоци, или да купите од домот по претходен договор со домарот. Работи секој викенд од петок до недела, од 1 мај до 1 ноември. Преку работните денови и зиме се отвара по претходен контакт со домарот. Од домот можете да го посетите врвот Пелистер (околу 2 часа), трекинг до планинарскиот дом Неолица преку врвот Муза (од 5 до 6 часа), трекинг до селото Брајчино на Преспанското езеро за 3-4 часа, а на враќање секако не заборавајте да се напиете кафе во некое кафуле во старата битолска чаршија (ние ве советуваме да го посетите „Бар Чаршија“) или пак да ја посетите Хераклеа.

Национален парк Пелистер >>

ВРТЕШKА

Кликни тука и види повеќе за овој дом >>

Планинарскиот дом Вртешка се наоѓа на планината Плачковица во атарот на селото Вртешка. Домот е оддалечен 35 километри од Штип, на 1107 м.н.в .и до него може да се стаса со возило. Домот има капацитет од 40 кревети, има струја, топла вода и централно греење. Неодамна е комплетно реновиран и е од отворен тип, а се отвора по претходен договор со домаќините (Многу лесно може да ви се случи да бидете само вие со семејството или пријателите единствените посетители, што е навистина посебно доживување). Доколку патувате со автомобил, ви препорачуваме претходно да ги посетите археолошкиот локалитетот „Баргала“ и црквата „Св. Петка“ кои ви се покрај самиот пат, а на враќање секако да не заборавите да појдете на пастрмајлија во „Нецко“ или „Меана за мерак“ во Штип. Што се однесува до планинарскиот дом, храна треба да си понесете од дома. Можете слободно да ја користите нивната кујна (и скара), а доколку сакате да планинарите ви препорачуваме да го посетите врвот Лисец (околу 3 часа печашење), или евентуално да продолжите кон планинарскиот дом „Џумаја“ (5 часа) кој се наоѓа од радовишката страна на Плачковица.

Гастро адреса во Скопје која морате да ја посетите >>

ЧЕПЛЕС

Кликни тука и види повеќе за овој дом >>

Планинарскиот дом „Чеплес“ се наоѓа во месноста Чеплес на планината Даутица, на планинскиот масив Јакупица. Домот се наоѓа во шума од високи букови дрва. Околу домот има широко отворен простор, тревнат и обраснат со папрат. Има извонреден планински амбиент и поглед кон врвовите на Јакупица. Домот е свртен кон исток и има долг сончев период преку денот.

Wonderlust - ново место за кафе и шопинг во Скопје >>

Места кои можете да ги посетите

Врвот Солунска глава е оддалечен околу 2 часа печашење во добри временски услови во летниот период. Сепак, поради можните брзи промени на временските услови искачувањето до врвот се препорачува на искусни планинари или во организирани групи во кои има искусни планинари. Доколку не спаѓате во овие категории во овој период од годината ви препорачуваме да ги посетите селата во овој живописен крај, пред се Папрадиште, Нежилово и Богомила. Во с. Нежилово, кај познатиот рибник (види тука) каде можете да каснете прекрасно рипче, тргнуваат и планинарско-рекреативните патеки кон планинарскиот дом Чеплес (1452 м), изворот на Бабуна и кон највисоките делови на Јакупица. Доста лесна и интересна е патеката, поточно тесниот (не толку добар) макадамски пат кој води кон север во правец на изворот на реката Бабуна, а потоа свртува кон југ до Чеплес, со должина од околу 15 км.

Викенд идеја – прошетајте се до некој наш познат манастир

Патеката главно минува низ шумовит терен, покрај неколку потоци и водопади, а на некои места се протега одличен видик кон преубавите пејсажи. Пократка, но пострмна патека се искачува веднаш над рибникот кон запад, па за околу 2 часа може да се пристигне до Чеплес, а понатаму до Солунска Глава или некој друг интересен локалитет. 

Доколку сакате да ги видите и другите планинарски домови во Македонија, клинете тука.

Фото: Фејсбук/архива

 

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?