Нова локација за пиење кафе, дружење и шопинг во градот!

Кликни тука и види каде се наоѓа ова место >>

Кафето е ритуал. Можете да го пиете со пријателите разговарајќи за поважните и помалку важните настани и ситуации што ви се случиле во последно време или пак сами, додека ги разгледувате дневните весници, или портали, и уживате во прекрасниот ентериер и позитивната енергија во просторот. Местото кое што го избравме да ви го претставиме оваа недела, покрај доброто кафе и широкиот избор пијалоци, нуди и можност да ги погледнете и уникатните модели од колекциите на македонските дизајнери Јована Филиповиќ, Ирина Тошева, LUDUS, Evee by Ivana Cvetkovska, Melani Digit, Pray Eyewear, Mighty Jewelry и EKLEKTIKA.

Станува збор за нова концептуална продавница и бистро во центарот на Скопје (се наоѓа на улица Македонија) која го носи името Wonderlust.

Кликни тука и скокни на нивната Фејсбук страница >>

Просторот е прекрасно уреден со уникатни, рачно изработени елементи и светлечки тела од дрво во комбинација со јаже, а за ова несекојдневно осветлување и уредувањето на просторот се погрижија генијалците од Pastello, со помош на прекрасниот мебел од Punkt. Љубителите на кафе тука ќе најдат богата и разновидна понуда, вклучувајќи неколку квалитетни видови на еспресо, како и органско еспресо. Но, додека чекате гостољубивите келнери да ви го донсат кафето, слободно можете да се опуштите во релаксираната атмосфера и да ги разгледате дизајнерските парчиња на нашите познати модни креатори и да побарате нешто што одлично ќе се вклопи во вашата гардероба, или пак ќе го освежи вашиот стил.

Посетете го местово и ќе видите нешто различно и интересно, а можеби токму тука ве чека вашето ново омилено парче за следната сезона, парче мебел или накит кој ќе ве освои на прв поглед. Никогаш не се знае каде ќе налетате на вашата нова љубов, нели?

Фото: Фејсбук/WonderlustStore

 

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?