FaceBook  Twitter  

Место за добро кафе и вкусна храна, истовремено неразделно поврзано со модата, дизајнот и секако - добрата забава.

Дружењето со пријателите на кафе, пијалок или вкусен оброк е несомнено еден од најдобрите начини за релаксација во слободното време, а скопјани во својот град имаат на располагање низа одлични места за дружење и забава.

Во центарот на градот, зад трговскиот центар „Рамстор“, во близина на излезот од Државна болница (ул. 50 Дивизија бр. 22) ве чекаат отворени вратите на „Јавна соба“, место кое со уникатно и модерно уредениот простор дојде како освежување на угостителската сцена не само во Скопје, туку и во цела Македонија. Локалот што се наоѓа на оваа адреса дефинитивно ќе му се допадне на секој што сака поростор со креативно осмислен ентериер, и каде покрај кафето и вашите омилени пијалоци можете да уживате и во разни вкусни јадења и десерти. Тука се и преубавите смутија за добро утро или освежување во текот на долгиот работен ден.

Викенд идеја – прошетајте се до некој наш познат манастир

„Јавна соба“ е мезе бар направен во популарниот индустриски стил кој покрај основната намена исто така може да се користи и како бесплатен простор за заедничко работење, библиотека, место за професионални презентации, за одржување конференции, работилници или семинари, а во склоп на ресторанот функционира и концептуална продавница каде можете да најдете парчиња и модни доатоци од познатите македонски дизајнери.

Три шармантни хотели во центарот на Скопје кои треба да ги знаете

Гастрономскиот дел е организиран во соработка со „Хелтиплејс“ и нуди здрава и вкусна храна (ви препорачуваме да го пробате појадокот од Перу или познатата секси салата), а во текот на попладневните и вечерните часови можете да слушнете познати музички групи и диџеи, но и да погледнете изложба (или да направите своја) на ликовни дела и фотографии на уметници и дизајнери од цела Европа. Просторот е поделен на два спрата од кои на првиот е мезе барот, додека на вториот е конференциската сала, концептуалната продавница, како и делот кој е наменет за изложби на слики и дизајнерски предмети.

Топ 3 места каде ќе ве послужат со најдоброто кафе во Скопје

Гостите можат да присуствуваат на најразлични работилници, но и на специјални вечери како на пример „Белгиска вечера“ или „Индонезиска вечера“, каде можат да се пробаат различни специјалитети и храна од одредено поднебје и највкусните кујни на светот.

Богатата и разновидна понуда на „Јавна соба“ го прави ова место навистина уникатна дестинација на која задоволните гости постојано се навраќаат.

Фото: Фејсбук/Public Room

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Хотел Белви**** дел од Metropol Lake Resort
Повелете на пријатна атмосфера во ресторанот Домини кој се наоѓа во близина на центарот на градот. ...
Ресторанот е во склоп на хотелот Ми­ле­ни­ум Палас и е со капацитет од 160 лица и тераса со капацитет од 100 лица. ...
Нашиот елегантно опремен ресторан се наоѓа во подножјето на Националниот парк Пелистер, на излезот од Битола. ...
Ресторан „БИСЕРА" е лоциран во населба Аеродром и успешно работи од 2000-та година. ...