ban2

Покрај за духовни потреби, нашите манастири се секогаш одлична дестинација за прошетка бидејќи претставуваат дел од нашето културно и историско наследство кое несомнено треба да го познаваме.

Тие најчесто се сместени во прекрасно природно опкружување, на крајот на некое населено место или пак осамени во планински предели, така што, посетата на манастирот ќе ви овозможи да уживате и во убавините на природата во околината. Според тоа, доколку немате идеја каде да го поминете овој викенд а сакате да се оддалечите од работата и обрвските, ви препорачуваме да посетите некој од нашите манастири и да уживате во прекрасниот спој на духовност, уметност, архитектура и живописна природа.

Манастир Св. Наум Охридски »

Манастирот „Св. Наум“ е изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на неговата најјужна точка, во една месност со ретка природна убавина. Подигнувањето на овој манастир е поврзано со името на Наум, Климентовиот соработник. Св. Наум, пред крајот на својот живот, го основал манастирот Св. Архангел и во 910 година бил погребан во него. Околу манастирот има повеќе други црквички, како: Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо и др.

Прочитај повеќе за оваа дестинација тука >>

Лесновски манастир »

Настанувањето на овој манастир се поврзува со животот на пустиникот Гаврил Лесновски. За св. Гаврил постојат повеќе житија (хагеографии). Првото е сосема кратко и е напишано околу 1330 година. Во опширното житие на пустиножителот од 1868 година стои дека за време на неговиот живот, манастирот постоел и во него тој се замонашил. Според едно од житијата во средината на XI век во с. Лесново живееле четворицата големи испосници, светители — Јован Рилски, Прохор Пчински, Јоаким Осоговски и Гаврил Лесновски. Четворицата светители или како народот ги именува четворицата духовни браќа скоро 30 години живееле во пост, молитва и строг послужителски живот во пештера во тогашната многу густо пошумена лесновска гора во близина на селото Лесново. Откако оствариле духовна зрелост кај секој од нив се појавила потреба од поединечно продолжување на сопствената духовна мисија. Заминале на четири различни страни и изградиле манастири, при што Гаврил Лесновски останал во с. Лесново и го подигнал (основал) Лесновскиот манастир.

Прочитај повеќе за оваа дестинација тука >>

Манастир Св. Јоаким Осоговски »

Во непосредна близина на Крива Паланка се наоѓа големото македонско светилиште, манастирот Свети Јоаким Осоговски. Токму во овие предели кон крајот на XI и почетокот на XII век се подвизувал св. Јоаким Осоговски Чудотворец. Преподобниот Јоаким се подвизувал во втората половина на XI век. Бидејќи ревносен за подвижнички живот во осаменост уште од младоста, тој заминал од родниот крај кон пустината на Осоговската гора. Воден од ангел Божји една вечер пристигнал во домот на еден бојарин во селото Градец. Во малечката црквичка на тоа село Јоаким најпрво Му се помолил топло на Бога, па седнал пред црквата за да се одмори од долгото пешачење. Кога го виделе, му пристапиле некои бојари, а тој ги замолил да му покажат некое место во планината погодно за осаменички подвизи.

Тие му укажале на подножјето на Осоговската Планина покрај реката Скупица, зашто таму се наоѓала една пештера погодна за животот каков што тој посакувал. Кога слушнал за тоа место, свети Јоаким Му заблагодарил на Бога и на Пресветата Владичица, па тргнал на пат кон местото. Кога стаса на местото наречено Сарандапор, се населил во тамошната пештера и остана во неа до крајот на животот, околу 1105-та година. Во оваа пештера се подвизувал ангелоподобно, минувајќи ги деновите и ноќите во пост, непрестајни молитви и бденија.

Прочитај повеќе за оваа дестинација тука >>

Марков Манастир »

Марков манастир — православен манастир кој се наоѓа јужно од селото Маркова Сушица, по долината на Маркова Река на нејзиниот лев брег, на 20 км од Скопје. Манстирот е активен и во денешно време, а во него суштествува женско монашко сестринство. Во самиот манастир се наоѓа црквата Св. Димитрија и импозантната камбанерија.

Прочитај повеќе за оваа дестинација тука >>

Бигорски Манастир »

Бигорски манастир („Св. Јован Бигорски“) — манастирски комплекс кој се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште, по течението на реката Радика во западна Македонија.

Прочитај повеќе за оваа дестинација тука >>

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?