loading...

Ви претставуваме три познати места во Скопје во кои можете да се опуштите по работните обврски, каде кафето можете да го надополните и со некој вкусен десерт.

Еден од подобрите начини за релаксација е секако да се почестите со кафе или пијалак на некое пријатно место и во друштво со пријателите или колегите откако ќе завршите со работните обврски. Еве ги нашите предлози за оваа недела за неколку фино уредени места во Скопје на кои навистина ќе ве послужат со добро кафенце. 

Барбакан »

8 Септември бр. 18, Скопје

Ова место веќе е позиционирано високо во скопската шема и има свои постојани гости. Секој што ќе го посети, сигурно ќе го стави високо на својата листа со омилените места во градот. Покрај кафето тука можете да пробате и бројни вкусни јадења и десерти, но и да уживате во прекрасниот модерен амбиент. Кафето е едно од највкусните во градот, а големиот избор на различни видови дефинитивно ќе ги остави без зборови и најголемите уживатели во магичното кафеаво зрно. Покрај кафето и богатото мени, мораме да ја споменеме и богатата листа со најубавите вина во Македонија, но за тоа во некоја друга пригода...

Менада »

Казанџиска 2 (Стара чаршија), Скопје

Уште едно прекрасно место кое дефинитивно вреди да се посети! Акцентот е ставен на автентичниот простор кој важи за култно урбано место уште од 80-тите и 90-тите години на минатиот век кога беше столб на андерграунд сцената (на ова место некогаш се правеа и најдобрите журки во градот). А оние кои покрај доброто кафе ќе решат да се освежат со вино или пиво, им предлагаме да ги пробаат и нивните интересни мезиња.

Бирократ – министерство за кафе »

Кеј 13-ти Ноември 1-1/104

Сместен на самиот кеј на реката Вардар, ова место е совршено за пиење кафенце откако ќе завршите со работните обврски или ако ветерот случајно ве однесе во строгиот центар на Скопје. Со својот интересен амбиент и богата понуда може да ги изненади и најголемите гурмани, а што се однесува до кафето, на ова место познато и како „министерство за кафе“ можете да пробате најразлични ароми кои ќе ве освојат од прва. Но, пред да го порачате вашето омилено кафе, онака механички, како што тоа го правите секогаш, не заборавајте да го разгледате нивното мени и да го изберете она што во моментот ви звучи најдобро.

 

KAKO ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ
ВО ГРАДСКИОТ ВОДИЧ WHERE

Сакате да се пријавите и да го промовирате вашето место (кафуле, ресторан, бар, фризерски салон, хотел, спа, бутик, продавница и сл.) во нашиот градски водич? Прочитајте како да го направите тоа.

Овој комерцијален текст е дел од новиот градски водич WHERE. Ако сакате да се пријавите и да го додадете вашето место во нашиот адресар и да бидете дел од нашата приказна, тоа можете да го направите потполно БЕСПЛАТНО. Најпрво треба да се регистрирате, а потоа да кликнете тука или на копчето „најави се“ (кое се наоѓа во горниот десен агол на порталот). Откако ќе се најавите, кликнете „Внеси >>“, пополните ги бараните информации (адреса, телефон, краток опис, неколку фотографии...) и вашето место ќе биде додадено во нашиот адресар..

Но, најпрво, проверете, можеби веќе сте внесени во адресарот.


АKO ВЕЌЕ ВЕ ИМА ВО АДРЕСАРОТ

Ако сакате да објавите соопштување, ПР текст или дополнителни информации за вашето место, како и да го позиционирате пред останатите субјекти, погледнете го нашиот ценовник или обратете се до нашите маркетинг агенти.

Веќе ве има во адресарот? Тогаш изберете некој од нашите претплатнички профили (види тука) и искористете ги промотивните попустите

Ако изберете некоја до нашите претплатнички модели имате целосна контрола на вашиот профил. Исто така можете да се појавите на самиот врв при пребарувањето, да додадете дополнителни фотографии и информации, како и да го истакнете вашиот оглас/субјект пред останатите. За повеќе информации кликнете тука. 

barate

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

loading...

 

ПОПУЛАРНО