matte

Тие се само неколку минути оддалечени од центарот и на своите гости им нудат незаборавно доживување од најубавиот град на светот.

Mожеби малку претеравме со фалење, но Скопје си го сакаме највеќе на целиот свет. OK? Богата историја, интересен ноќен живот, насмеани луѓе... Градот навистина има што да им понуди на своите туристи, но за тоа во некоја друга пригода. Денес сакаме да ви претставиме неколку интересни хотели кои се својот урбан и модерен дизајн ќе го привлечат вашето внимание. Па, ако случајно се најдете во Скопје, и ви е потребно сместување или пак, треба да ви дојдат гости кои бараат хотелско сместување, овие неколку места во срцето на главниот град на Македонија се вистинска адреса каде сигурно ќе бидете дочекани со насмевка.

Хотел Сити 5 »

Ул. Иво Лола Рибар бр.59/4-4, Скопје

Нов, модерен хотел со софистициран дизајн кој се наоѓа спроти Католичка црква и новиот кружен тек со споменикот на револуционерот Васил Чакаларов. Хотелот располага со 11 соби кои се луксузно и урбано уредени, и до кои се пристапува со панорамски лифт од кој имате совршена глетка на овој дел од градот. Станува збор за еден од најдобрите мали хотеличиња во центарот на Скопје со најдобра услуга, па доколку сакате да се сместите во центарот на збиднувањата, симпатичниот Хотел Сити 5 е вистинскиот избор за вас.

Сити Парк »

Ул. Михаил Чоков бр.8а, Скопје

Нов модерен хотел во центарот на Скопје. Сите соби гледаат кон Градскиот парк кој никого не остава рамнодушен и кој во секое време ве мами да се прошетате и да се релаксирате. Собите се одлично уредени со легла опремени со ЕкоТех стандард 100, а на гостите им е на располагање одлична хотелска услуга, ресторан, бар и конференциска сала.

BEST WESTERN Hotel Turist »

Ул. Михаил Чоков бр.8а, Скопје

Хотелот е од висока категорија, а во 2002 година е комплетно реновиран и работи како дел од ланецот хотели BEST WESTERN. Лоциран е центарот на градот, во близина на сите деловни и административни, трговски и шопинг центри, како и главните туристички атракции. На своите гости им гарантира удобност, комфор како и достапност на се што е неопходно за прекрасен туристички или деловен престој. Идеално место е за организација на Вашите конференции, деловни и свечени вечери и ручеци, како и идеално место за кафе, пијалак и уживање во совршено вкусните јадења на снек барот или хотелскиот ресторан "Ројал". 

KAKO ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ
ВО ГРАДСКИОТ ВОДИЧ WHERE

Сакате да се пријавите и да го промовирате вашето место (кафуле, ресторан, бар, фризерски салон, хотел, спа, бутик, продавница и сл.) во градскиот водич Where? Прочитајте како да го направите тоа.

Овој комерцијален текст е дел од новиот градски водич WHERE. Ако сакате да се пријавите и да го додадете вашето место во нашиот адресар и да бидете дел од нашата приказна, тоа можете да го направите потполно БЕСПЛАТНО. Најпрво треба да се регистрирате, а потоа да кликнете тука или на копчето „најави се“ (кое се наоѓа во горниот десен агол на порталот). Откако ќе се најавите, кликнете „Внеси >>“, пополните ги бараните информации (адреса, телефон, краток опис, неколку фотографии...) и вашето место ќе биде додадено во нашиот адресар..

Но, најпрво, проверете, можеби веќе сте внесени во адресарот.


АKO ВЕЌЕ ВЕ ИМА ВО АДРЕСАРОТ

Ако сакате да објавите соопштување, ПР текст или дополнителни информации за вашето место, како и да го позиционирате пред останатите субјекти, погледнете го нашиот ценовник или обратете се до нашите маркетинг агенти.

Веќе ве има во адресарот? Тогаш изберете некој од нашите претплатнички профили (види тука) и искористете ги промотивните попустите

Ако изберете некоја до нашите претплатнички модели имате целосна контрола на вашиот профил. Исто така можете да се појавите на самиот врв при пребарувањето, да додадете дополнителни фотографии и информации, како и да го истакнете вашиот оглас/субјект пред останатите. За повеќе информации кликнете тука. 

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО