matte

Полихроно е познато летувалиште кое се наоѓа во централниот дел на првиот крак на Халкидики – Касандра, на околу 100 километри од Солун.

Полихроно се наоѓа веднаш по Калитеа и Криопиги, а пред Ханиоти и Пефкохори. Има разновидна понуда на хотели, вили и апратмани така што сите посетители можат да најдат соодветно сместување за свој вкус и џеб. Целиот дел покрај морето претставува долго шеталиште исполнето со ресторани, кафулиња, продавници и сл. Местото е релативно мало, така што без разлика каде сте сместени брзо и едноставно ќе стасате до плажата или пак до централниот дел каде има мало плоштатче и црквичка. За најмалите, во Полихроно има и поголемо игралиште за деца со сите потребни реквизити како лулашки, лизгалки, клацкалки и сл.

Местото датира од 650 г. п.н.е. кога е изградено од страна на доселеници од Еритреја и наречено Неаполис. Гратчето е разрушено во наездата на Хуните, а во 16 век е повторно изградено и наречено Полихроно по разнобојните цвеќиња. Уште еднаш ќе биде разорено од страна на Турците и потоа пак обновено и живо до ден денес.

Главната предност на Полихроно е убавата песочна плажа од која постепено се влегува во синото топло море и токму затоа е одличен избор за семејства со мали деца. Гратчето има пријатна атмосфера и нуди можност за релаксиран одмор. Овде има аптеки, има амбуланта, пошта, голем број на супер маркети и продавници, пекари и сл. така што сите потреби ќе ви бидат задоволени. Во низата различни ресторанчиња можете да уживате во грчката кујна, а покрај брегот има и неколку кафулиња. Рестораните и кафулињата затвораат релативно рано, околу 11 часот, освен за викенд кога работат малку подолго. Ова значи дека местото е мирно и одлично за сите што сакаат навечер да се одморат во мир и тишина покрај морето. Ова мирно и тихо место се смета за едно од најчистите во цела Грција, вклучувајќи го тука и беспрекорно чистото море. Водата во морето е топла и чиста и многу ретко има ветар или бранови. Плажата е песочна, со покрупен или поситен песок на различните делови, уредена со лежалки, редовно одржувана и чиста. Лежалките доаѓаат беслатно доколку си нарачате пијалок.

Поради беспрекорно чистата вода во овој дел Полихроно е позната локација за нуркање. Тука можете да се запознаете со подводниот свет и да се воодушевувате на неговата убавина, а опремата за нуркање се изнајмува по прифатливи цени.

Ако сакате да ја прошетате околината на Полихроно, имате голем избор почнувајќи од претходно наведените соседни места, од едната страна Калитеа, а од другата Ханиоти и Пефкохори. Познатите туристички дестинации Сани и Афитос се исто така во релативна близина. Агенциите нудат обиколки со брод по заливот Торонеос и посета на најубавите плажи во овој дел, посета на планината Олимп, посета на Метеорите, крстарење околу Света Гора, посета на Солун, водениот парк Waterland и сл.

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com