loading...

Британскиот таблоид Дејли Мејли пишуваше за прославата на полнолетството на АнастасДеновиве во некои медиуми во Србија се појави вест дека грците на граница ја запленувале храната што ја носат туристите на годишен одмор.

Според овие медиуми, грците го забраниле таканаречениот патлиџан туризам, па така неколку туристи од Србија останале со празни торби бидејќи со себе носеле повеќе храна од дозволеното. Според српскиот таблоид Ало, неколку загрижени туристи се јавиле во редакцијата и се пожалиле дека им биле опустошен багажникот од страна на грчките цариници. Односно им биле конфискувани 12 конзерви туна и колбаси со образложение дека ја прекршиле нормата.

Нема место за паника

Но, како што пренесе српскиот Телеграф, туристите не треба да бидат загрижени и слободно можат да носат храна на годишен одмор и најверојатно се работи за шпекулација. Според првиот човек на српската туристичка агенција Траваленд, која е позната како лидер за аранжмани во грција во Србија, не е исклучено дека постојат спорадични случаи, но во главно никој не ја запленува храната на туристите и фамата што се подигна околу ова прашање која е интересна и за туристите од Македонија, навистина не е потребна. Според информациите, од почетокот на сезоната па се до сега немало ниту еден таков проблем, барем што се однесува до оваа агенција, а ваквата шпекулација не оди во прилог ниту на грција, ниту пак на матичната земја од каде што доаѓаат туристите, бидејќи сепак, тие плаќаат ДДВ, како за храната, така и за аранжманите. „Само еднаш пред четири години се случи на еден наш турист да му одземат цело прасе, бидејќи не знаеја со што е полнето и тоа е сосема нормално“ изјави директорот на агенцијата Травеленд за порталот Телеграф.рс

Информирајте се пред да тргнете на патување

НО за да не ви се случи нешто слично, најдобро е најпрво да е информирате што смеете, а што не смеете да носите преку граница, бидејќи законската регулатива на ЕУ е строга и мора да се почитува. На секоја граница пишува што смее, а што не смее да се внесува, иако грците во текот на сезоната дозволуваат и да се премине нормата на нашите туристи, односно многу ретко се случува да претресуваат.

Еве што е дозволено:

Тутун и цигари

40 цигари со тежина до 3 грама од парче
50 грама тутун

Алкохол

Еден литар алкохолен пијалак со алкохол поголем од 22 вол.
Два литра алкохолен пијалак со процент на алкохол помал од 22 вол.
4 вина
Или 12 литри пиво.

Храна

До 2 кг млеко во прав за бебиња или храна за бебиња или храна за посебни потреби
До 2 кг храна за домашни миленици
До 5 кг овошје и зеленчук
Оригинално пакување со јаткасти плодови до 100 грама

Не е дозволен да внесувате месо, млеко и млечни производи од земјите кои не се членки на Европската унија, а треба да внимавате и на храната која не е фабрички спакувана, бидејќи не е безбедна според здравствените и санитарните мерки на ЕУ.

Совет

Инаку, храната во грција не е многу поскапа, особено ако пазарите во големите маркети (а некои работи како на пример пивото дури и се поевтини и има голем избор), па така едно цело семејство доколку пазари во грција просечно би можел да потроши максимум до 50 евра повеќе отколку во Македонија. Ова секако дека не важи за оние кои крпат крај со крај преку цела година за да можат да отидат на одмор, кои ги советуваме да бидат насмеани и љубезни на граница, па што сака нека биде, како што велат вистинските авантуристи. 

barate

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

loading...

 

ПОПУЛАРНО