Лоцирано под планината Пелистер од страната на Преспанското езеро на надморска височина од 1000 метри селото Брајчино е вистински рај за сите што сакаат да избегаат од градската врева и да уживаат во преубавата природа.

Доколку патувате од Скопје најлесно и најдобро се доаѓа од Автопатот за Велес, потоа се исклучувате за Кавадарци па преку Прилеп, Битола, до Ресен и потоа го барате патот за Претор, Крани и следно ви е Брајчино. Ќе треба да поминете 232 км или околу 3 часа возење со автомобил.

Во самото село има 5 манастири и цркви каде може да најдете дури и сместување. Во манастирот Св.Петка имаат апартмани со вкупно 20 легла. Секој апартман има сопствено купатило со санитарен чвор. Во селото има и неколку други сместувачки капацитети како апартмани Костовски, апартмани Шуковски и апартмани Васко.

Селото е распослано по течението на реката Брајчино во која живее Брајчинската пастрмка и речниот рак. Во околината на селото се неколку планински врвови на надморска височина над 2000 метри како Чуче, Бојаџиев, Грива, Ветерница и Бајрачето. Овие имиња на планинските врвови се добиени од локалните жители. Планините  се дом на секое диво животно кое го има Македонија како рисот, мечката, диви свињи, дивокози и други животни. Но не грижете се, не постои опасност дивите животни да дојдат блиску до селото.

За сите што сакаат активен одмор тука е пешачката патека која почнува блиску од селото и води до еден локален врв каде е сместена црквата на Пресвета Богородица од која се пружа преубав поглед на Преспанскто езеро и езерото Мала Преспа во Грција. За да ја изодите патеката и да стигнете до црквата потребни ви се околу 90 минути пешачење и имате сини маркери на дрвата како ориентација така да не можете да се изгубите.

Велосипедската и пешачката патека по течението на Брајчинска река е одлична шанса за велосипедисти кои можат да уживаат во 6 километри долгата патека и да се релаксираат со волшебните звуци на реката.

За оние што имаат повеќе кондиција може да се качуваат на Пелистер а каде  ќе уживате во природата на националниот парк Пелистер . До големото езеро патеката е долга околу 17 км и ќе ви требаат околу 5 часа качување. Со 3 часа надолу вкупно ќе ви требаат околу 8 часа. Патеката е обележана со бели црвени кругови.

Не грижете се, доколку не ви се пешачи самиот престој на чист воздух во воздушна бања како што го викаат селото Брајчино е доволна причина да побегнете на преубав викенд или да прошетате до друштво. Селтото е идеално доколку ви дојде гостин од странство и сака да ја запознае Македонија и да види како изгледа типично Македонско село.

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?