Терме Чатеж во Словенија се еден од најголемите туристички центри во Словенија. Лоцирани до устието на Крка до автопатот Љубљана –Загреб ова туристичко место е многу лесно пристапно.

Терме Чатеж е нејголемото природно лекувалиште во Словенија и еден од најголемите спа туристички центри во земјата. Се напојуваат до 11 термални извори кај кои извира вода со температура од 58-63 степени. Претставува идеално место за одмор во зимски услови. Природните извори на лековита вода се организирани во таканаречена термална ривиера со 10 базени со повеќе од 10 000 м2 термални водени површини - гусарско острово за деца, детски воден парк со играчки, олимписки базен, спора река, базен со 3 тобогани, тобоган бумеранг, базен со таласи, водена печурка, водено лизгалиште, базен со таласи и уште многу други водени активности кои одморот ќе ви го направат незаборавен.

Дневна влезница за зимската термална ривиера се движи од 13-16 евра додека за три часа влезницата чини 10 евра.

Најпосетени и најбарани се базените со палми, и тропски таласи, базен за сурфање и тобогани

Ова место е иделно за семеен одмор бидејќи децата не плаќаат за престојот.

Доколку се одлучите да ја посетите оваа дестинација на викенд или подолго ви препорачуваме да пробате:

1. Супа од печурки
2. Масажа за двајца
3. Сурфање на таласи
4. Да возите велосипед до винските подруми
5. Да го посетите дворецот Мокрице.
6. Посетите ја пештерата Постојина.
7. Не се грижете за надоврешната температура,термалната ривиера е застаклена.

 

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?