matte

Луксузната вила Морфеус е огледало на традицијата на овој остров, а со нејзиниот дизајн и едноставно сместување нуди уникатно и незаборавно искуство.

На главното ниво се дневната соба и трпезаријата, како и двојната спална соба од која има директен пристап до базенот. Големата модерна и целосно опремена кујна се наоѓа на овој спрат од вилата, како и големата дневна соба со излез на балконот. Трпезаријата има поглед на базенот и на бескрајното Егејско море.

Главната спална соба се наоѓа на горниот спрат и има приватен балкон, величествен и удобен кревет, голем плакар и џакузи. Две идентични двојни спални соби се наоѓаат на долното ниво и имаат сопствена кујна со мермерни елементи.

Сместувањето во оваа вила ќе ве чини од 1500 евра па до 2000 за ноќевање, во зависност од сезоната во која што сакате да дојдете.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com