loading...

Летото полека се приближува при крај и на сите ни останува уште малку време да ги искористиме сите негови предности и ги искористиме последните денови за да се опуштиме, добиеме убав тен, се запознаеме со нови места кои токму во овој дел од годината го доживуваат врвот на својата убавина.

nesebar1

Денес ќе ви го претставиме бугарското летувалиште Несебар, едно од најубавите на црноморскиот брег. Несебар е град во кој духот на старата култура се испреплетува со најмодерните хотели на сончевиот брег.

nesebar2

Доказ за тоа е уште самиот влез на градот, Капијата на Несебар која ја изградиле Старите грци, како одбранбен столб од многубројните освојувачи и ви станува јасно дека сте пристигнале во самата историја. Еден од најстарите европски градови е сместен на мал остров, но претставува големо сведоштво на борбата за превласт на различни култури и народи на црноморските простори. Уште при самиот влез во градот вљубениците во историјата ќе се израдуваат – тракиската, грчката и римската архитектура се мешаат со византиската, турската, бугарската...

nesebar3

Одговорот на ова оди наназад уште во петтиот век п.н.е. кога Траќијците, извонредни и прецизни градители, ја основале рибарската населба Менабрија. Потоа се менувале Грците кои го нарекувале Меамбрија, па Римјаните и така градот израснал во држава – тврдина, која имала одлична заштита и од копно и од море. Со векови Несебар, кому Словените му го дале ова име, бил еден од најголемите трговски средишта, затоа што робата од Егејот и целиот Медитеран можела да се купи во градот кој имал свои ковани пари кои и денес можат да се видат во Музејот на Несебар.

nesebar4

Во средниот век градот станал важно упориште на византиската импрерија, до 812 г. кога го освоил Кан Крум и приспоил на територијата на Бугарија. Во времето на Иван Александар доживува најголем прогрес, изградени се околу 40 цркви и Несебар станува центар на христијанството. Но во 1366 го освојува витезот Амадез Савојски и потоа го продава на Византијците за 15 000 дукати, а после паѓањето на Цариград, го заземаат Турците. После ослободувањето бил мала рибарска населба без големо значење, за да во 20-ти век биде откриен како бисер на Црното море и во 50-тите е прогласен за архео – парк, а веќе со години е под заштита на УНЕСКО како дел од светското културно наследство.

nesebar5

Денес, Несебар се наоѓа во современа Бугарија, за која не сведочат само добрите автомобили и безбедноста на улиците, туку и хотелите со најмодерна технологија, опрема и спа центри, од кои ќе добиете впечаток дека сте на филм – изградени или адаптирани последните години на Сончевиот брег. Најголемото и најпопуларно бугарско летувалиште се наоѓа на 37 километри од Бургас, на плажата од 8 километри има повеќе од 200 хотели, многу аква паркови и дискотеки, а истите се поврзани со стариот град со мини возови. Десетдневните аранжмани се различни според термините на сезоната и категоријата и во овој период од летото спаѓаат во најевтините летни понуди!

nesebar6

Во овие години, навалата на туристи од сите краишта е толку голема што за само десет години, капацитетот на леглата има пораснато од 30 000 на неверојатни 300 000. Низ целиот град постои богата културна програма, а табли со информации за слободни паркинг простор се поставени уште на самиот влез од градот. Значи, доколку решите да одите со сопствено возило, не треба да спремате посебен буџет за таа намена, затоа што цените се значајно намалени за разлика од пред неколку години и изнесуваат по еден лев (30 ден.) од час, со погодности за подолго задржување. Вкупните цени, за разлика од пред две години се намалени за околу 10 отсто, а воочливи се и пониските цени во супермаркетите.

nesebar7

Затоа, доколку се уште не сте се ’разладиле и одмориле‘ ова лето, или пак самите планови ви наложиле тоа да го направите на крајот од летото, ние ви советуваме да го одберете Несебар, од каде што сигурно ќе се вратите задоволни, со убави впечатоци и спомени и позитивна енергија која ќе ви даде сили за нови предизвици на секое поле од животот.

nesebar8

nesebar9

barate

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

loading...

 

ПОПУЛАРНО