Еве како изгледа кога од едно старо VW комбе ќе направите коктел бар

Ведран Бариќ од Вуковар заедно со својот партнер Даријо Иштановиќ направија атрактивен бар на тркала од стар Волсваген Транспортер Т2. „Идејата ми се роди на последниот ден кога бев на море во 2015. Тогаш замислата се уште не беше во облик на комбе, но сé одеше во тој правец – подвижен шанк со кој можеме да работиме на настани, разни забави и свадби, од плажи па се до концерти и фестивали“, вели Ведран. Тој откако дошол до идејата со недели се распрашувал низ Задар па на тој начин дошол до старото портокалов комбе во поприлично лоша состојба, без мотор и бројни делови. Во таа фаза во проектот се вклучил и неговиот пријател Дарио па тие продолжиле заедно и во Осиек пронашле авто лимар која нивното хипи комбе ќе го претвори во комби бар. „Го офарбавме во зелено и вградивме шанк, мали фрижидери, вода, струја, бојлер, озвучување, телевизор, а имаме и сопствено напојување за струја ако служиме некаде далеку од цивилизацијата. Со подигање на покривот комбето станува бар“, вели Ведран.

Реакциите на нивниот подвижен бар се фантастични. Новото комбе работи со полна пареа и е потполно рентабилно. Можете да го изнајмите со персонал (бармен), пијалаци, организација на некој настан или пак само комбето. Тие организираат венчавки на отворено, момински забави, но и постојано добиваат покани да бидат дел од некои угостителски објекти како додаток во нивната понуда. Планираат да организираат и некој свој настан кој би станал постојана понуда на разни локации во Славонија. Но во моментот нивната работа најмногу се базира на „рентање“.

Па што велите за оваа претприемачка туристичка приказна? Ние искрено сме воодушевени од овие млади луѓе кои ни покажаа дека ако имате добра идеја, и останете фокусирани на неа, успехот кога тогаш ќе стигне пред вас, впрочем како и ова шармантно комбе. Последниве неколку години во нашата земја се почесто се зборува за иселување на младите луѓе, како и за лошата економска ситуација. Но, според нас, ова е само една од оние генијални идеи кои би можеле да пројдат и кај нас, па наместо да се биде вечен песимист и да ковеме план како да фатиме џаде од државава, крајно време е да ги земеме работите во свои раце и да почнете да „бачкаме“ нешто.

Дали се согласувате со нас?

 


Booking.com