И тоа во соработка со стилистката на Лејди Гага и Бијонсе

Наскоро на полиците на Икеа ќе можеме да видиме авангардна колекција настаната во соработка со познатата стилистка која е одговорна за едни од највпечатливите стајлинзи на Бијонсе, Лејди Гага и Мадона. Станува збор за Беа Акерлунд (Џани Беатрис Акерлунд) која во соработка со Икеа ќе лансира лимитирана колекција мебел под името OMEDELBAR. 

Перниците ќе бидат во облик на големи црвени усни, полици за накит како 3Д раце, светилки и големи стаклени шешири како држачи за мраз се само дел од она што ќе го видиме во нејзината колекција со гламурозен и готски предзнак.

Претпоставуваме дека ова ќе воодушеви многумина бидејќи во себе не го носи минималистичкиот стил кој се врзува со познатиот шведски бренд за мебел, а по малу бизарните и секако стејтмент парчињата во секој дом би можеле да внесат малку од холивудскиот стил. Колекцијата во продавницата и на интернет треба да се најдат во март 2018.


Booking.com