Станови во грција можат да се најдат и за само 6000 евра и сето тоа благодарение на економската криза во оваа земја.

solun

Но, пред да се залетате, треба да ги имате предвид и следниве трошоци.

1. Патни трошоци

Македонските државјани кои се одлучиле овој пад на цената да го искористат за долгите сончеви топли лета во грција (оваа земја на нашиот портал се пишува со мала буква!), прво мора да сметаат за патните трошоци до оваа земја.

2. Провизија до 10 проценти

Потоа следи провизија за агенција, која се движи и до 10 отсто, со тоа што најмала провизија е 1.000 евра, па на пример во случај ако сакате да купите гарсоњера од 6.000 евра излегува дека плаќате провизија нешто помалку од 20 проценти од цената на недвижноста.

3. Данок за пренос на апсолутни права

Тука е и данокот за пренос на апсолутните права кои изнесуваат три отсто, потоа услугата на нотарот и внесување на недвижноста што вкупно изнесува околу 3,5 проценти од нејзината цена.

4. Aдвокат преведувач, книговодител…

Tука е и проверката на недвижноста и различни услуги кои адвокатот ги извршува, како што е отворање на даночен број кој чини меѓу 300 и 500 eвра. Затоа се тука и услугите преведувач, книговодител…

5. Пренос на стуја и вода

Преносот на струја грубо изнесува околу 10 отсто од вредноста на недвижноста; некогаш се смета катастарската вредност, а некогаш куповната вредност.

6. Данок на имот

Годишниот данок на имот изнесува помеѓу 3-4 евра по квадратен метар. Во случај во Грција да минуваат шест месеци годишно, тогаш годишните трошоци се движат од 800 до 1.000 евра. Тука спаѓаат цената на струја, вода, заеднички трошоци за зграда, данок на имот и евентуално интернет и телефон или одржување на базенот доколку го поседува зградата.

Најевтин е центарот на Солун

Според информациите најевтин е Солун и воопшто градовите кои немаат плажи. Како се движите од Солун до Халкидики, така и цената на недвижностите расте. На пример во Касандра, првиот крак на Халкидики, цените се многу поволни. Ситонија како втор крак е поскапа, а тука во понудата се луксузни станови и вили. На третиот крак, „Атос“ цените се толку високи што практично и не се интересни за нашите граѓани.

Извор: Blic.rs

 


Booking.com