Идеален двор е оној кој е уреден на таков начин што ќе биде место за уживање и одмор.

 gradina

Идеален двор е оној кој е уреден на таков начин што ќе биде место за уживање и одмор. А за да го постигнете тоа, мора да исполните неколку основни услови. Па, потрудете се да оставите добар впечаток и пред другите и почитувајте ги овие неколку совети.

1. Не претерувајте со растенијата и цвеќињата

Растенијата и цвеќињата го прават секој простор поубав, но тенка е линијата помеѓу богата градина и премногу натрупана. Затоа, пружете им на растенијата и цвеќињата доволно слободен простор за да може да растат и да се развиваат.

2. Не занемарувајте го осветлувањето

Одвреме-навреме проверувајте дали работат ламбите во вашата градина. Неколку мали ламби ќе дадат подобар изглед, а вашите гости полесно ќе се снаоѓаат.

3. Исчистете ја тревата

Нормално е дека е невозможно да го отстраните секое диво растение штом ќе се појави, но нема изговор за двор кој целиот е опкружен со трева. Посветете малку внимание секоја недела и дворот ќе ви изгледа уредно во текот на целата година.

4. Чистете ги скалите

Ако влезот во вашиот дом вклучува и скали, тогаш потрудете се истите редовно да ги чистите. Тие лесно може да се извалкаат и да делуваат неуредно.

5. Не оставајте го градинарскиот алат надвор

После долгото уредување на градината, сѐ што сакате е да се опуштите и да се одморите. Но, не заборавајте ги лопатите, ножиците и метлите во вашиот двор. Уредно соберете го и цревото со кое сте наводнувале и дозволете да се забележи трудот кој сте го вложиле.

 


Booking.com