FaceBook  Twitter  

Миранда Кер ги отвори вратите од својот дом за магазинот Harper's Bazaar.

Нејзиниот ранч од 1960 година кој го купи со поранешниот сопруг Орландо Блум се наоѓа во Малубу и ќе ве освои на прв поглед со неговата прозрачност. Типичен изглед на куќа покрај плажа надополнет со модерни елементи, големи џамови и прекрасен поглед на океанот кои создаваат впечаток на пространство, додека неутралната палета со бои го прави ентериерот да изгледа елегантно и стајлиш.

Еден од најинтересните детали е кристалното пијано кое се наоѓа во средишниот дел на дневната соба, а со допирање на само едно копче можат да се изгасат сите електронски апарати во домаќинството како би се контролирал степенот на електромагнетската радијација. Тука е и апаратот „Skywater“ 300 кој ја црпи влажноста од воздухот и произведува вода за потребите на домаќинството, вклучувајќи ја и водата од прекрасното езеерце во самиот двор.

Во задниот дел на куќата се наоѓа градината каде познатиот модел одгледува овошје и зеленчук, како и една посебна куќичка преуредена во простор за медитација и сауна. Сé на сé – импресивно, зелено и магично!

 

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Дојдете во хотел Александрија и уживајте во прекрасниот поглед на Охридското езеро ... ...
Ресторанот Камин Чамо постои од 1989 година
Хотел "АРКА" е модерен, луксузен и комфорен хотел.
Новиот хотел „Сити 5“ се наоѓа спроти Католичката црква и новиот кружен тек. ...
Вкусете ги нашите специјалитети, напијте се чаша две и уживајте во ресторанот КАЈ ЕФТО. ...