FaceBook  Twitter  

Погледнете го ресторанчето што две Македонки сакаат да го отворат во Лондон.

Елена и Јана повеќе од 10 години живеат во Лондон. Елена последните 6 години работела во дигиталните медиуми како продуцент и уредник и постојано патувала низ светот, додека пак Јана речиси 10 години работела во авијациска брокерска компанија организирајќи приватни чартер летови за музички бендови и познати личности, односно за луѓе кои можат тоа да си го дозволат како на пр.  Кингс оф лион, Прл Џем, Леонар Коен и Лејди Гага. Тие неодамна решија да ги напуштат своите работни места и со својата заштеда да отворат ресторан.

„Приватниот живот страдаше или воопшто не постоеше. Така по едно долго муабетење со Елена, дојдовме до заклучокот дека е време за големи промени. И се роди идејата за ресторанот“. Вели јана за порталот МКД.

Тие набргу ќе најдат простор кој ќе решат да го изнајмат. Просторот е поделен во два дела – горен, за оние кои се дојдени да јадат, и долен дел кој води до една мала скриена градина совршена за опуштање со пријателите. Во ресторанот ќе продаваат пиво од мала локална лондонска пивница, а слична приказна е и со виното, односно ќе се продава органско вино од мали винарници. На менито ќе има здрава сезонска храна, но и македонски производи како пинџур, малиџано, ајвар, макало, сирење на жар, тиквички и сл.

Местото планираат да го наречат „The Lacy Nook“, а за да го отворат, покрај нивната заштеда потребен им е дополнителен буџет кој планираат да го соберат преку Кикстартер кампања. Станува збор за популарен начин на финансирање на интересни идеи и проекти во Велика Британија наречен „краудфандинг“. Тие овие средства треба да ги соберат до 17 јуни, па сите што се во можност да донираат, тоа можат да го направат на следниот линк:

http://kck.st/1Xp6Cau »

 

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Хотелот Водно е модерен, комфорен хотел со прекрасен поглед на градот и неповторливо чувство на задоволство. ...
Хотелот "Макпетрол" - Маврово е сместен во пазувите на планината Бистра, покрај Мавровското Езеро. ...
Хотелот Манастир е место каде што ќе најдете мир во кој се спојуваат телото и духот. ...
Милениум Палас е хотел со четири ѕвезди кој се наоѓа во југозападниот дел од Македонија, на брегот од Охридското Езеро. ...
Националниот ресторан "МАКЕДОНСКА КУЌА" е најафтентичното обележје на македонскиот дух во угостителството. ...