Веднаш, уште при самото пристигање ќе забележите дека хотелот Аквалина не е  обичен хотел – хотелот се наоѓа на самиот брег на Охридското езеро опкружен со бистрата езерска вода од едната страна и бескрајната зелена шума на преубавиот национален парк Галичица од другата страна.

Токму ваквата местоположба ви дава можност да поминете незаборавно во стилот на модерното опкружување, а што се однесува до сметувањето можете да изберете апартмани или соби со сауна и француски лежај, потоа соби со џакузи и француски лежај или некоја од преубавите двокреветни и трокреветни соби. Сите соби се опремени со ЛЦД ТВ , кабелска телевизија, телефон, WI-FI , купатило, фрижидер, услуга во соба. Во склоп на хотелот има преубав ресторан, а располагаме и со сопствен паркинг кој е бесплатен за нашите гости.

ПЛАЖА

Хотелот располага со сопствена плажа со бар со капацитет од 100 седишта каде во секое време на денот може да се освежите со алкохолни и безалкохолни пијалоци со звуците на тивка и пријатна музика.Плажата е опремена со лежалки и чадори за сонце, а во летниот период е комплетно покриена со професионални спасувачи на вода.

РЕСТОРАН

Хотел Аквалина располага со сопствен ресторан со околу 220 седишта погоден за фамилијарни веселби ,крштевки,родендени и свадби. Во склоп на хотелот работи и летна тераса која ви овозможува прекрасен поглед кон езерските бистри води. Врвните специјалитети на нашата кујна ке ви овозможат еден пријатен и незаборавен одмор.

СПОРТСКИ ТЕРЕНИ

Хотел Аквалина располага со 2 спортски терени комбиниран за мал фудбал,кошарка, ракомет, тенис, одбојка,и еден терен за голем фудбал. Терените ги задоволуваат потребите за одржување на секакви спортски приредби,а особено идеални за припреми на спортски екипи.

КОНФЕРЕНЦИИ

Хотел Аквалина располага со повеке сали и простории за одржување на конгреси,симпозиуми,семинари и бизнис средби. Капацитеот на салите е од 30 до 150 седишта,целосно опремени за непречено одржување на вашите настани.

ПАКЕТ АРАНЖМАН – 4 ДЕНА/3 НОЌИ

Дочекајте ја Нова година во ексклузивниот хотел Аквалина кој се наоѓа во туристичката населба Свети Стефан, на 6 километри од Охрид, на регионалниот патен правец Охрид - Св. Стефан. Услугата е врз база на полупансион HB со вклучен новогодишна вечера на 31.12.2015 година – неограничен пијалак, вечеран на 01.01.2016 година и вечера на 30.12.2015 или 02.01.2016. Цената за овој пакет аранжман е 149 евра по лице во двокреветна соба или 169 евра по лице во двокреветна соба со џакузи/сауна.

ПАКЕТ АРАНЖМАН 3 ДЕНА – 2 НОЌИ

Услуга полупансион (HB) со вклучена новогодишна вечера на 31.12.2015 година со вклучен неограничен пијалак, вечера на 01.01.2016 година и вечера на 30.12.2015 или 02.01.2016 (по избор!). Цена за овој пакет е 119 евра по лице во двокреветна соба или 139 евра по лице во двокреветна соба со џакузи/сауна

Цена само за новогодишната вечера на 31.12.2015 – 30 евра со вклучен неограничен пијалак. Доплата за еднокреветна соба + 30. Попуст за деца до 8 години 30%

Туристичката такса и ДДВ се вклучени во цената

Агенциска провизија 7%
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. | www.aqualina.com.mk | +389 75 607 606 | + 389 75 380 907 | +389 46 200 047

 


Booking.com