loading...

Дали некогаш сте се запрашале како изгледа плакарот на една од најпознатите модни блогерки на денешницата, Кјара Ферагни?

Одговорот е многу едноставен – фантастично!

Италијанската блогерка која веќе некое време живее во Лос Анџелес и која има армија фанови на нејзиниот Инстаграм профил @theblondesalad неодамна ја ангажираше екипата Consort Design да и го среди плакарот во нејзиниот нов дом на Западното крајбрежје. Мет Сандерс и Брендон Кватроне, двоецот зад познатото декоратерско студио, го среди нејзиниот плакар во склад со нејзиниот младешки дух и еклектичен стил, така што не е ни чудо што нејзиниот нов плакар не остави без здив: „Императив ни беше да осмислиме плакар кој ќе изгледа како комотно место. Простор во кој Кјара ќе сака да го поминува своето слободно време. Целата просторија ја преуредивме со помош на винтиџ парчиња, розови детали, па дури додадовме и софа на развлекување за гостите. “ Покрај со облека, ова модно царство изобилува и со модни додатоци како сламени шешири, стејтмент чанти, салонки и преубав накит пред кој нема да ве остави рамнодушни. Погледнете!

 

 

Фото: consort-design.com, thecoveteur.com

barate

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

loading...

 

ПОПУЛАРНО