matte

Поимот „Фаберже јајце“ се однесува на ограничениот број скапоцени јајца изработени од Петар Карл Фаберже и неговата компанија помеѓу 1885 и 1917 година. Најпознати се оние направени за руските цареви Александар III и Николај II (татко и син) како велигденски подароци за нивните сопруги, коишто често се нарекуваат и „Царски Фаберже јајца“. Јувелирницата на Фаберже изработила околу 50 јајца, од кои 43 постојат до ден-денес. Уште две биле планирани за Велигден 1918 година, но не биле испорачани поради Руската револуција.

fabergeReneissanceEgg 

1894 Ренесанса, подарок за царицата Марија

Историјат

Во 1885 година, царот Александар III нарачал од 38-годишниот Карл Фаберже и неговиот семејниот бизнис за накит од Санкт Петербург да изработи изненадување за неговата сопруга, кралицата Марија, како велигденски подарок.

fabergeAlexander III and Maria Feodorovna
Александар III и Марија

Фаберже дизајнирал убаво бело емајлирано јајце со првото изненадување - „златна“ жолчка, во чија внатрешност има уште едно изненадување - кокошка изработена од чисто злато. Внатре во кокошката, пак, имало мала дијамантска реплика на кралската круна и мал привезок од рубин во вид на јајце (круната и привезокот се изгубени).

fabergeHen 

1885 Кокошка (сопственост на Виктор Векселберг)

Познато како „Кокошкино јајце", ова станало првото од околу 50-те Фаберже царски јајца изработени во текот на повеќе од 32 години. Треба да се истакне дека во секое јајце се наоѓа и по едно изненадување (во овој случај, златната жолчка). За изненадувањето да биде поголемо, Фаберже не го информирал ниту царот ниту, пак, царицата за тоа какво јајце-подарок ќе изработи. На Марија толку многу ù се допаднал подарокот, така што царот продолжил да ù подарува скапоцени јајца за секој празник.

fabergeNikolajII

Цар Николај Втори

Оваа традиција ја продолжил и неговиот син-наследник, Николај II, кој по смртта на Александар III на 1 ноември 1894 година, продолжил да подарува Фаберже јајца и на својата жена, царицата Александра Фјодоровна, и на неговата мајка, вдовицата-царица Марија Фјодоровна. Но, продолжила и традицијата изгледот на секое јајце да биде изненадување и за самиот цар, а освен тоа во секое јајце да има и по едно изненадување – скапоцено, се разбира.

fabergeEngagement 

Царот Николај Втори и Александра, венчавка

Денес, овие ретки бесценети велигденски јајца го нашле својот пат во колекции, музеи и институции низ светот, од Москва до Кливленд. На пример, „Кокошкиното јајце“ денес е дел од колекцијата „Векселберг“ (именувана според рускиот магнат Виктор Векселберг, кој има купено девет јајца од семејството Форбс во 2004 година), а во моментов е изложено во Фабержеовиот музеј во Санкт Петербург, Русија. 

faberge1

Фаберже јајца, сопственост на Виктор Векселберг, изложени во Музејот „Фаберже“ во Санкт Петербург

Оттогаш, скапоцените јајца-подарок биле изработувани секоја година, со исклучок на 1904 и 1905 година, за време на Руско-јапонската војна.

fabergOn i ona

Царот II и царицата Александра Фјодоровна

„Штипка“ ви ги претставува следниве 10 Царски Фаберже јајца кои денес се изложени во Музејот во Кремљ, Москва. Во минатото, оваа зграда била фабрика за оружје, па затоа и музејот се вика „Палата на оружјето“.

fabergekremlinarmory

Музејот во Кремљ кадешто се изложени Царските веигденски Фаберже јајца 

 

Погледнете го следново видео и уживајте во раскошната убавина на овие царски велигденски подароци: 

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com