Google неодамна ја претстави својата најголема промена во последните години – лого со нов фонт кое е малку помодерно и поживо од претходното.

Сепак, она што најмногу им се допаѓа на луѓето во оваа корпорација (покрај феноменалниот Google пребарувач без кој не би можеле да си го замислиме животот) секако е и иновативниот пристап на изгледот на канцелариите и односот кон вработените поради што оваа фирма е една од најпосакуваните во светот.

Седиштето на компанијата во Kалифорнија нaјчесто се споменува како пример за поинаков пристап на уредување на канцелариите, кои на вработените им овозможуваат забавен парк во кој секојдневно би можеле да одморат и да соберат инспирација, па дефинитивно е едно од најинтересните места за работа. Но, компаниите на Google и во другите градови не заостануваат многу зад оваа филозофија. Па така канцелариите во Тел Авив имаат поглед на море и кафето се пие во ретро цвеќара, додека во Даблин пак можете да се прошетате низ шума. Канцеларијата во Будимпешта ќе ве опушти со изглед кој потсетува како да сте во базан, додека во Амстердам вработените можат да се одморат бифе во кое има инсталирано камп приколки, а оние пак во Цирих, да седнат во балон и да уживаат во погледот на целиот град.

Па, кој не би сакал да работи на овие места?


Booking.com